Тренерот на Ливерпул не сака многу да зборува за високата предност што неговите избраници ја создадоа пред конкурентите за трофејот во Премиер лигата.
– Осум бода не одвојуваат од Лестер, додека Манчестер сити заостанува девет бода зад нас. Разликата е голема, но не и кој знае каква за уште од сега да се мисли дека првенството е готово. Ние сме целосно опуштени. Не размислуваме за празнината во табелата, не размислуваме за бодови, само за следниот натпревар. Досега ова функционираше многу добро и сакам така да продолжиме. Сакам на секој натпревар да пристапуваме како да ни е решавачки за трофејот, изјави Клоп.
Додава дека ќе биде многу тешко до крајот во трката со актуелниот шампион Манчестер сити, се подобриот Челзи, како и шампионот од пред неколку години, Лестер.
По 13 кола во Англиското фудбалско првенство Ливерпул е прв со 37 бода, Лестер има 29, Манчестер сити 28, Челзи 26.