Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Работник ја прекина соработката со тренерот Стевче Алушевски.

Управата на РК Еурофарм Работник денес спогодбено ја прекина соработката со досегашниот прв тренер на клубот г-дин Стевче Алушевски. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во ЛШ и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката.
Управата на РК Еурофарм Работник му се заблогодарува на досегашниот ангажман на г-дин Стевче Алушевски, му посакува многу здравје и понатамошни спортски успеси, стои во информацијата што битолскиот клуб ја објави на својот Фејсбук профил.

Битолчани по седум кола во регионалната СЕХА лига имаат три победи и четири порази, додека во Лигата на шампионите на девет средби остварија само две победи наспроти седум порази.