Предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг нема никакви недостатоци. „Црвените“ денеска ќе играат со „топџиите“ во рамките на третото коло од Премиер лигата.
– Поминаа четири години откако работев со Обамејанг. Сите знаат сè за него, и нема изненадувања. Оба нема вистински недостатоци покрај неговиот модерен стил. Заради неговата брзина, невозможно е да се заштитиш од него 100% правилно. Едноставно е тешко, изјави Клоп.
Дербите на третото премиерлигашко коло почнува во 18 часот и 30 минути на теренот на Ливерпул.