Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по синоќешната победа на гостувањето кај Вест Хем, рече дека и покрај големата предност не се чувствуваат дека е завршена работата кога е во прашање титулата.
– Задоволен сум од само трите бода. Можевме да направиме многу работи подобро. Слушнав како навивачите веќе ја слават титулата. Тие можат да пеат за сè. Ваквите песни не значат дека веќе сме ја завршиле работата. Не се чувствуваме како веќе да станеме шампиони. Се колнам, нагласи Клоп.
Ливерпул по 24 кола има 23 победи и само еден нерешен резултат и е убедливо прв на табелата со 70 бода, 19 побеќе од второпласираниот Манчестер сити.