Веста дека поранешниот клуб Интер сака македонскиот репрезентативец Горан Пандев повторно да го врати во своите редови ја пренесоа повеќе италијански медиуми.

Ккако што наведуваат медиумите трансферот е сериозен и не станува збор за шпекулација.

Интер е во потрага по напаѓач, се поврзуваа со Жиру подолго време, но се појавија проблеми, па црно-сините се насочија кон ново име.

Пандев сега е најсериозен кандидат и може да пристигне на позајмица до крајот на сезоната. Контактот со Џенова е направен. Дека навистина нешто се случува зборува и потврдата од експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио!

Aко овој трансфер се реализира Пандев веројатно ќе се пензионира во клубот каде што го постигна најголемиот успех во кариерата.