Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Хенри Клуге, денеска изјави дека СЗО се уште не располага со целосни податоци за потеклото на коронавирусот и не зане дали тој настанал по пророден пат или не, но порача дека истражувањата и натаму продолжуваат.
Во интервју за руската агенција Тасс, Клуге кажа дека со ова прашање се занимаваат кинеските научници, а СЗО е повикано само да учествува во истражувањето.
-Сето тоа е во тек, секако, и е нешто што е многу важно да го дознаеме. Но не можам да кажам ништо повеќе бидејќи не сакам да го загрозам овој многу важен процес. Најважно е дека ние сме дел од тоа, рече Клуге.
Експертот на СЗО смета дека прашање на време е кога ќе се појави нова пандемија.
-И оваа ја предвидовме, но повторно не затекна неподготвени, наведе тој, додавајќи дека нова пандемија секако ќе има, но сите ние треба подобро да бидеме подготвени за неа.