Во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци” денеска е отворена книга на жалост за прерано згаснатиот живот на 14 годишната Вања Ѓорчевска.
На службениот влез на училиштето блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит доаѓаат да се потпишат во Книгата на жалост и го изразуваат своето сочувство за прерано згаснатиот живот на младата Вања.
Менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози денеска се во целосна спремност со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан.
Од Вања Ѓорчевска се простија и нејзините наставници од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ на Фејсбук профилот на училиштето.
-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања. Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме… Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца. Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!
Во врска со случајот на убиствата на младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во моментов прес – конференција одржуваат Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство.