Книжарница во Унгарија е казнета со 700 евра заради книга која зборува за хомосексуално семејство, наменета за деца, а која не била посебно означена дека е книга во која не се претставува стандардно семејство, пишува вчера Франс прес, а пренесуваат повеќе балкански медиуми.
Книгата би морала да биде посебно означена дека не претставува традиционално семејство, рекол во вторникот шефот на владиниот уред за округот Пешта, Ричард Тарнаи за ТВ Хир.
Книгата „Едно рано утро“ зборува за ЛБГТ семејство и е објавена од невладината организација „Фондација за семејствата на виножитото“. Можете да претпоставите од кого е финансирана.
За да биде проблемот поголем, книгата била сместена заедно со другите детски бајки. Така, не е би било чудно ако меѓу браќата Грим, најдете и некоја ваква книга за вашите деца.
Тарнаи додал дека „презентацијата на книгата не укажувала дека содржи образец на однесување кој се разликува од традиционални улоги на половите“.
Законот со кој во Унгарија се забранува промовирање на хомосексуални содржини меѓу малолетниците, би требало да стапи на сила денеска. Како што во „Денешен“ веќе пишувавме, поради тоа унгарскиот премиер Виктор Орбан е мета на силни критики од ЕУ. Фон дер Лајен му се закани со санкции, а холандскиот премиер Руте, кому пред два дена среде Амстердам мафијата му ликвидраше новинар, бара Орбан и Унгарија да ја напуштат ЕУ зашто не ги делеле истите ЛГБТ вредности. А, Еу, колку што ни е познато, треба да биде Унија на различности.