Додека се одвива оваа изборна кампања, кога нашите противници постојано викаат против Русија, глумејќи западни алијансии, денес сме тука да јапотсетиме јавноста кој каде е и што се крие под европското знаме, се истакнува во денешното соопштение од Вреди, коалицијата на опозициските партии на Албанците во Македонија.

Во продолжение целото соопштение:

За нас останува грижа загриженоста на Вучиќ за ДУИ и Али Ахмети, бидејќи додека тие не дадоа никакво објаснување за ова, тоа за нас подразбира дека Србија, како сојузник на Русија, има длабоки врски во ДУИ.

Во меѓувреме, повеќе од тоа, има и некои сомнителни бизниси на оваа партија кои ни гизголемуваат сомнежите. Бидејќи јавноста можеби заборавила, ние сакаме да потсетиме дека токму Бујар Османи, како министер за здравство во Владата на Никола Груевски, во 2008 – 2011 година, беше обвинет во судскиот процес „Пациентот“, каде што е осомничен за корупција и фаворизирање во јавните набавки на  бугарска компанија од Благоевград, на која и дал 6,5 милиони евра.

Но, Бујар Османи никогаш не ја заборавил оваа навика на корупција со тендери. Така, Бујар Османи, додека бил во должноста на претседавањето со ОБСЕ, на компанијата донатор на ДУИ, „ЕВРОВИА“ и дал тендер вреден 1,8 милиони евра, а исто така, за овој самит Бујар Османи има спроведено уште еден тендер за возила со цена десет пати повисока, со што накомпанијата „ABC RENT A CAR“ ѝ дал 1 милион евра.

За чудење, оваа компанија континуирано добива тендери во последните три години од Бујар Османи. Како да не беа доволни само овие, Бујар Османи и доделил два тендера од 150 илјади евра на компанијата „АРБЕРИА“, која е и донатор на ДУИ. А, капакот на целата корупција на Бујар Османи е тендерот за компанијата „ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ“ од Зајаз на Али Ахмети, на која Бујар Османи и дал тендер од 800 илјади евра.

Ова е кандидатот на Европскиот фронт, кој глуми дека се бори против Русија и ја штити Европа, а единственото нешто со кое треба да се гордеее корупцијата. Како и да е, нему и на неговата партија им останале уште неколку дена до исклучување од сцената, за да и го отвори патот на проевропската и некоруптивната опција. Затоа, ВРЕДИ!

ВРЕДИ

Фото: МИА архива