Предлог-законот за родова еднаквост и Стратегијата за родова еднаквост директно ги таргетираат нашите деца, а цел не се само учениците од погорните одделенија туку и помалите учениции и децата од градинките, велат од Коалицијата за заштита на децата.

Според нив, како што објави порталот А1он, менувањето на учебниците не е случајно туку со умисла затоа што државата сака да го смени образовниот кодекс и на децата да им се сервираат нови „вредности“, кои преку образовните механизми се стремат да им ги вградат во нивните глави. Не станува збор само за изучување на „родовите идентитети“ како општа лекција, туку за промоција и насочување на децата да го прифатат таквото култно верување, пишува порталот.

Претходно Коалицијата јавно објави дека предлог-законот за родова еднаквост вметнува нова категорија на „жени“, односно мажи коишто се себеидентификуваат како жени, во рамките на женските права.

„Во оваа објава разобличуваме и уште една фарса што ја приреди министерката (Јованка) Тренчевска, а тоа е дека со овој закон не се опфатени децата“, велат од Коалицијата за заштита на децата.

Здружението бара оставка од Тренчевска и смета дека не само што преку лаги и манипулации се одземаат родителските права за избор на образование за своите деца, туку и без согласност и против волјата и светогледот на родителите, се врши репрограмирање на детската перцепција и свест.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.