Британскиот премиер, Енди Барнам, синоќа на состанокот на Коалицијата на подготвените во Берлин, најави дека Велика Британија ќе и испорача илјада беспилотни летала со долг дострел на Украина.

Тој посочи дека новиот пакет воена помош за Украина изнесува 311 милиони евра.

– Пакетот вклучува беспилотни летала со дострел поголем од илјада километри, способни да носат тешки боеви глави, што „ќе ѝ овозможи на Украина да изврши напади врз капацитети за воено производство и други легитимни воени цели длабоко зад линијата на фронтот, се наведува на веб-страницата на британската влада.

Лондон исто така ќе и испорача на Украина поморски, логистички и извидувачки беспилотни летала, со цел да се подобри снабдувањето на силите на линијата на фронтот.

Барнам наведе дека е одлучен да и обезбеди на Украина да може да се одбрани од руските напади и систематското таргетирање на критичната национална инфраструктура.

По минатомесечната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Лондон, Велика Британија почна со испорака на лесни, повеќенаменски ракети, што се покажале како исклучително ефикасни против руските беспилотни летала опремени со млазни мотори.

– Благодарение на овие испораки и поддршката од партнерите во Коалицијата на подготвените, Украина сега соборува речиси 70 отсто од беспилотните летала со млазни мотори, во споредба со 30 отсто на почетокот на септември, се истакнува во соопштението на британската влада.

фото: Архива