Директорот на Одделението за паневропска соработка во руското Министерство за надворешни работи Николај Кобрињец изјави дека земјите-членки на НАТО доставувајќи и оружје на Украина си играат со оган.
Тој наведе дека 40.000 НАТО војници се во состојба на зголемена подготвеност и оти се зајакнува источното крило на Северноатлантската алијанса.
Уште повеќе загрижуваат воените испораки од земјите-членки на НАТО во Украина. Си играат со оган, наведе Кобрињец.