Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев го повтори својот став, НЕ за промена на Уставот, ДА за евроинтеграција на Македонија. На денешната конференција во организација на Институтот за национална историја, по повод 145 години од раѓањето на Димитрија Чуповски и пет години од смртта на Блаже Ристовски тој изјави дека многу сили во Македонија и ЕУ направиле сојуз на света војна, против што кажа македонството. За намалување на неговата видливост, според Коцарев, во државата се промовирале бесмисленост, апсурт, неукост и промена на Уставот, а од друга стрaна, како што кажа, сите оние коишто ќе проговореле за македонството, се етикетирале како „националисти, предавници и лажговци“.

„Меѓутоа, за разлика од оние што инсистираат на промена на Уставот во Македонија, јас се вџасувам и се згрозувам од фактот што, во демократска Европа, во 21 век, воопшто, како граѓанин на оваа моја земја, јас сум принуден да избирам меѓу овие две опции. Мој избор, без колебање, е: НЕ за промена на Уставот и ДА за ЕУ“, изјави Коцарев на денешната конференција.

Првиот човек на МАНУ порача дека не можел да ја замисли Македонија без Македонците.

Посакувам Македонците да се обединат околу градењето достоинствена иднина, во која македонството ќе биде нашето суштествување, а Чуповски, Мисирков и Делчев – нашите корифеи, дополни Коцарев.