Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска во емисијата „DailyClick“ на ТВ21 се осврна и на тоа колку ги загрижува присуството на мобилен телефон кај возачот кој ја прегази Фросина Кулакова, Васил Јованов во затворот.
Како што вели, јавувањето на мобилен телефон на Васил од затворот не верува оти ќе има последици врз случајот.
„Во конкретниов случај не може многу да влијае бидејќи се работи за сообраќајка каде има обезбедено материјални докази, не е спорно дека поминал на црвено светло, ќе се утврди колку бил под алкохол односно колку бил процентот под алкохол. Брзината ќе се утврди како и начинот како возел, така да мислам јавувањето на телефон нема да има суштинско значење во постапката“, додава Коцевски.