КОЦЕВСКИ: Оставки од Спасовски и Назим Буши, дивеењето на синот на заменикот со возило со флешери не смее да остане неказнето

/ 11.12.2022

Одговорност и оставки од Оливер Спасовски и Назим Буши, дивеењето на синот на заменик министерот со возило со флешери не смее да остане неказнето, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски.

-МВР и самиот Спасовски молчат и не одговараат на прашањата кои ги поставивме. На сите прашања одговор имаат во евиденцијата на МВР. Црниот мерцедес со флешери со кое Ќерим Буши на 26-ти ноември дивеел низ Скопје е возило кое било во сопственост на Назим Буши, а потоа предадено на битолска фирма. МВР сето тоа го знае, доволно е само да се погледне историјатот на промени на сопственост. МВР само требаше да одговори дали црниот мерцедес е купен од Телеком за Назим Буши, а потоа продаден на самиот Буши, за истиот да го предаде на битолска фирма. Но МВР молчи. Ако немаше случај немаше да биде казнет заменик началникот на СВР Скопје кој интервенирал возилото и лицето да бидат пуштени, со објаснување дека се работи за познат човек. А, кој е тој познат човек, во возилото претходна сопственост на Назим Буши, сега во посед на битолска фирма сопственост на негови роднини, ако не е неговиот син, Ќерим Буши? Праша Коцевски.

Оливер Спасовски и Назим Буши не смее да го заташкуваат целиот инцидент. Политичка одговорност мора да има, додаде тој.


Од истата категорија