На 24 април на првиот круг од претседателските избори СДСМ и ДУИ ќе доживеат катастрофа, истото ќе случи на 8 мај.ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада и потоа ќе следи одговорност, нагласува Зоран Коцевски, пратеник на опозициската партија.

Коцевски вели дека списокот за политичка одговорност е прилично долг.

Ќе следи одговорност за Али Ахмети, Артан Груби, Ковачевски, Заев, Спасовски за целото зло што го направија на Македонија.Најважно е дека ќе следи слободата за уставобранителите-вели Коцевски во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.