Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Наскоро ќе биде организирана средба и мислам дека можеме да постигнеме голем напредок“, им рече Трамп на новинарите, осврнувајќи се на дипломатските напори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина што трае повеќе од четири и пол години.




