КОЧОСКА: Може да ни се случи сценарио полошо од грчкото

/ 17.11.2021

Гордана Димитриеска Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во „Тема на денот“ во централниот дневник на ТВ Сител нагласи дека согласно податоците од Државниот завод за статистика не очекува дека проектираната стапка на БДП од 4,1 процент нема да се оствари.

Верувањето дека ќе имаме 3,1 процент стапка на раст во втората половина е можеби не реално. Зошто е тоа така, дополнително податоците на Државниот завод за статистика јасно укажуваат на пример индустриското производство за третиот квартал е паднато за 3,5 проценти во однос на минатата година, во градежништвото за јули и август имаме пад за некаде околу 15 проценти, производството за електрична енергија исто за третиот квартал во однос на минатата година е паднат за 16 проценти. Кај извозот имаме раст од 2,8 проценти но затоа кај увозот имаме раст од околу 10,4 проценти. И сето ова покажува дека третиот квартал можеби ќе имаме намалување на БДП во однос на третиот квартал минатата година или можеби некој минимален раст и ние онаа стапка од 4,1 процент нема да ја оствариме, потенцираше Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска рече дека Буџетот за 2022 година е составен врз основа на погрешна претпоставка и основ односно како што рече земајќи ги во предвид колку е лоша реализацијата на капиталните инвестиции и странски директни инвестиции.

По однос на проекциите за 2022 година кога Министерството за финансии вели дека ќе имаме стапка на раст на БДП од 4,6 проценти. Најпрво да видиме на што ја заснова министерство за финансии таа проекција, вели најмногу се потпира на бруто инвестициите за кои вели дека ќе пораснат за 8,5 проценти, ако повторно ја погледнеме годинава ќе видиме дека за сега имаме 3,5 проценти за првата од годината раст на бруто инвестиции во однос на минатата година, иако исто така земеме предвид колку е лоша реализацијата на капиталните инвестиции која што е речиси 55 проценти од планот, а можеби до крајот на годината прашање е дали ќе стигнеме до 60 проценти од буџетот на реализација на капитални инвестиции и на тоа додадеме странски директни инвестиции кои што се катастрофално ниско ниво, не само во Македонија и регионот, од некаде 190 милиони евра за првата половина од годината, и за она што за мене е најклучно од се, ако ја погледнете проекцијата и на Светска Банка и на Европската Комисија ќе забележите дека тие проектираат многу пониски стапки на раст од министерството за финансии. И тоа се причините зошто ние сметаме дека комплетно целиот буџет е составен на една погрешна претпоставка и основ, истакна Димитриеска Кочоска.

На прашањето дали може државата да се доведе во позиција да не може да ги плаќа долговите и дали е можно грчко сценарио Димитриеска Кочоска нагласи дека можно е и полошо од грчкото сценарио имајќи во предвид дека Грција ја имаше Европската Унија на своја страна, за разлика од Македонија.

По однос на грчко сценарио, јас би рекла дека може да ни се случи и многу полошо. Зошто е тоа така, затоа што сепак Грција на своја страна ја има Европска Унија која што беше тука да им помогне, за разлика од тоа ние немаме кој да ни помогнеме доколку дојдеме до едно такво грчко сценарио. Она што дополнително загрижува кога станува збор за задолжувањата е 2022 година е година во која што немаме доспевање на некоја голема обврзница, но 2023 веќе имаме. Е сега поради промени во монетарната политика кои на некои начин ќе доведат до зголемување на каматните стапки очекувањата се дека рефинансирањето на овие евро обврзници ќе биде по повисоки камати отколку до сега. Значи тоа дополнително ќе го оптовари Буџетот кој што и сега е оптоварен. Значи навистина имаме една алармантна состојба која што не знам како ќе ја надминуваме, особено поради фактот што не гледам навистина некои сериозен чекор или сериозен пристап кон преиспитување на расходната страна на Буџетот посебно на оние непродуктивни трошоци, изјави таа.


Од истата категорија