Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе му гостуваат на Задар во првиот натпревар од баражот за влез во АБА-лигата, во кој ќе бркаат „брејк“ кој ширум би им ги отворил вратите за враќање во елитното јадранско друштво.
Тренерот Ѓорѓи Кочов бара борбена игра за да се направи успех кај фаворитот.
-Задар е одлична екипа со квалитетни поединци, кои имаат големо искуство. Натпреварот ни доаѓа во незгоден момент, по период на средби според НБА-ритам, но верувам дека сите во мојот тим ја знаат важноста на овој дуел и дека ќе дадат и повеќе од максимум, како во напад така и во одбрана. Само со таков борбен пристап ќе може да се надеваме на позитивен исход на гостувањето кај тим каков што е Задар, изјави Кочов, за клупскиот сајт.
Натпреварот почнува во 17 часот и е прв од серијата до две победи.