Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, ги демантираше наводите на поранешниот светски шампион Нико Розберг дека тимот има сериозни проблеми со болидите и дека тие не може да се решат подолго време.

– Морам да кажам дека немаме фундаментални проблеми. Имаме брз автомобил, но некои детали треба да се довршат. Можеме да бидеме целосно задоволни со нашиот мотор. Потребно е само да се вклопат сите компоненти.

Фетел со 37 бода е на четвртото место во поредокот во Формула 1 шампионатот по извозени три трки оваа сезона.