По договорот за името со Скопје, владата во Тирана за летово најавува и договор за поморската граница со Тирана, пренесуваат албански медиуми.
Премиерот Ципрас соопшти дека откако Атина доби пофалби за договорот со Скопје, владата решила да постигне договор и со Албанија за поморската граница уште летово.
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, во соопштение за печатот јасно стави до знаење дека неговото Министерство нема да оди на годишен одмор, а главна причина е работата врз отстранување на спорните точки од договорот за поморската граница.
Лани во февруари премиерите Ципрас и Еди Рама се договориј да ги продолжат преговорите за прашањето и да ги затворат сите нерешени прашања меѓу двете земји.
Според грчки медиуми, Грција признала дека во договорот од 2009 година одредувањето на Ексклузивните економски зони е направено погрешно, додека албанската страна прифаќа оти островот Крф игра главна улога во дефинирањњето на границата на море.
Според Коѕијас, во кошницата се наоѓаат 10 точки кои со Албанија наскоро ќе се решат, проблематични прашања кои ги оптоваруваат односите меѓу двете земји 70-100 години.
Инаку, Коѕијас оптимистички изјави дека по сето ова се нафаќаат да го затворат и кипарското прашање.