Градоначалникот на Тирана Ерион Велиај не попушта – сака да изгради нов театар, иако артистите не го даваат стариот.

Денеска Велија се сретна со претставници на Националниот театар при што рекол дека изградбата на новата зграда ќе чини 30 милиони евра.

Според него, не е возможно да се изгради нов објект доколку во тоа не помогнат и приватни фрими.

Но, според познатиот актер Роберт Ндреника, тој не знае што е вистина, кому да верува и дали човекот што е пред него го лаже.

„Ние можеме да го спасиме сгашниот театар, да го обновиме со помалку пари. За тоа ќе требаат само 10 милиони“, рече на состанокот Ндреника.