Средбата меѓу лидерите на Италија и на Франција ќе се одржи утре и покрај тензијата што се појави откако Париз испрати критики до Рим заради одбивањето да им даде дозвола да влезат стотици имигранти од бродот Аквариус, потврди денес Елисејската палата.

Бродот Аквариус на една невладина организација во саботата спаси 230 имигранти, но потоа почна нивната одисеја по морето затоа што Италија, ниту Франција не сакаат да ги примат.

Бродот требал да вплови во италијанско пристаниште, но новата влада тоа не го дозволи. Макрон го осуди потегот, изјавувајќи дека Рим реагира цинично и неодоговорно. Но, потегот на Макрон предизвика дипломатски судир меѓу двете земји, а на консултации во италијанското МНР вчера бил повикан францускиот амбасадор.

Разговарајќи елефонски Макрон и италијанскиот премиет Ѓузепе Конте се договориле да се сретнат во Париз на ручекот како што и било планирано. Несогласувањата се дипломатски испеглани, Париз рекол дека Макрон не сакал да ги навреди Италијанците, па сега е време да се постигне договор за некакви иницијативи

Матео Салвани, министерот за внатрешни работи и вицепремиер, пак, рече дека Макрон треба да се извини и оти не прифаќа лритики од држава која постојано ги запира имигрантите на нивните заеднички граници.