Австралиски војници развеале нацистичко знаме за време на една од операциите во Авганистан што војската тогаш го оцени како „лоша шега“, а премиерот Малком Турнбул како потег кој е „потполно неприфатлив“.

Австралиската телевизија Еј-би-си објави фотографија од тој инцидент кој се случи во 2007 година, наведувајќи оти пред се се работело за „лоша шега“ отколку за нацистички чин.

– Знамето за кратко се виореше на едно од возилата на австралиската војска во 2007 година. Командантот веднаш го тргнал, појасни Министерството за одбрана, наведува Еј-би-си.