Поранешниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска на Твитер дека платил на фирма да манипулираат со податоци од онлајн анкети „во исклучителна корист“ на Трамп.
Имено, Мајкл Коен платил на фирмата Редфинч солушнс да манипулираат со податоци од две анкети на јавно мислење за Трамп пред почетокот на неговата кампања за претседателските избори во 2016 година.
– Искрено жалам поради слепата лојалност кон човек што тоа не го заслужува, напиша Коен на Твитер.