Гувернерката Анита Ангеловска Бежовска може да биде назначена за нов министер за финансии, а Фатмир Бесими а дојде на нејзино место во Народна банка на Република Македонија, пишува весникот Коха.
Од ДУИ за Коха рекле дека очекуваат СДСМ да го почитува договорот од пред две години, за назначување на Бесими на чело на НБРМ, бидејќи тоа било исто така и една од точките на договорот за владејачката коалиција.
– Важно е дека ние не се откажавме од тоа, албански кадар, се разбра професионалец, да раководи со Народната банка на Македонија. Ова беше и една од точките кога беа поделени ресорите заедно со СДСМ, кога беше формирана владејачката коалиција, изјавиле за Коха од ДУИ.
Коха дознава дека во СДСМ биле запрени обидите за именување на нов министер за финансии, бидејќи ДУИ го потсетил премиерот за функцијата гувернер.