Извори од канцеларијата на Хан за весникот изјавиле дека за време на неговата последна посета на Приштина и Белград, тој им предложил на двете страни „да се позанимаваат со разните иритирачки акции по прашање на трговијата во одреден формат“.
Според весникот, како што јави МИА од Приштина, тоа воедно би го деблокирало дијалогот за решевање на отворените прашања меѓу двете земји, што се води со посредство на ЕУ во Брисел.
– Предлогот останува на маса и останува на двете страни да се позанимаваат со него, се вели во соопштението од канцеларијата на Хан доставено до „Коха Диторе“.
Европската унија, како и САД, бараат од Приштина да ја укине или да ја суспендира таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Косово, меѓутоа косовскиот премиер Рамуш Хардинај упорно го одбива ова барање, нагласувајќи дека санкциите ќе останат во сила се додека Белград не го промени „агресивниот и деструктивен однос“ кон Косово и не ја признае неговата независност.
Од друга страна, Белград одбива да седне на преговарачка маса за продолжување на преговорите, се додека Приштина не ја укине таксата која ја воведе кон крајот на ноември минатата година.