Собранието на Косово ја усвои одлуката за испраќање припадници на безбедносните сили на Косово на Фолкландските Острови, пренесува Коха.
Припадниците на армијата во оваа мисија ќе бидат под команда на вооружените сили на земјата домаќин, а финансиски ќе бидат покриени од буџетот на Косово.
– Во оваа мисија ќе бидат испратени до седум членови на КБС и истата може да трае до три години, со можност за продолжување и ротација, се наведува во одлуката, споделена од претседателката на Косово, Вјоса Османи.