Се чини дека Теута Арифи, поранешна градоначалничка на Тетово, нема да може да се вклучи во македонската дипломатија. По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одби таа да биде амбасадор на Македонија во Турција, дознава весникот „Коха“.
Извори на „Коха“ тврдат дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи се обиделе да ја испратат Арифи во Анкара, Турција.
Сепак, официјалната реакција на Република Турција била брза и агреманите нема да бидат одобрени.
Претходно таа беше непожелна за амбасадор и во САД и во ЕУ.