Секој хороскопски знак, заедно со индивидуалните карактеристики на личноста, е уникатна комбинација на силни страни, но и на слабости и предизвици. Сите овие таленти и силни страни, како и слабостите, оставаат трага врз сè она што го правиме, вклучувајќи го и работното место. Кога не сме способни да си ги препознаеме слабостите, пропуштаме важна прилика да дознаеме повеќе за себе.

Меѓутоа, кога ќе се препознаат слабостите, тогаш всушност истите се прифаќаат и се користат сите можни ресурси за да се надминат и најголемите предизвици и целата работа да резултира со успех. Астрологијата ги издвојува слабостите на секој хороскопски знак, па врз основа на тоа истите може полесно да се надминат.

Овен
Припадниците на овој знак имаат „шефовски“ став и можат да бидат одлични лидери, но нивниот природен начин за борба со животот може да биде помалку брутален. Тие сакаат нештата да бидат завршени онака како што нив им се допаѓа, па некогаш нивните ставови и однесувања наликуваат на диктатура, што не им се допаѓа многу на колегите. Фокусот на работното место треба да биде на соработката и тимската работа.

Бик
Освен тоа што можат да бидат премногу тврдоглави, често кај нив настапува и мала мрза. Поради тоа, Биковите не се најдобриот избор за тимска работа, а останатите колеги може да настапат дури и со предрасуда. Решението за ова е припадниците на овој знак да иницираат нови проекти, но и да бидат пофлексибилни во однос на работата.

Близнаци
На овие работници им се потребни силна ментална стимулација и многу енергија, за да може да се изборат со фактот дека секоја работа брзо им станува здодевна. Но, здодевноста доаѓа од тоа што се природни таленти за кратко да научат и да го спроведат на дело своето знаење. Затоа, потребно е да се обидат да вложат повеќе креативност во својата работа или пак да најдат дополнителен ангажман или ново хоби.

Рак
Раковите се едни од најчувствителните и најемотивните хороскопски знаци. Тоа значи дека дури и кога критиката е ситна и добронамерна, тие ја сфаќаат лично и навистина ги повредува, па од тој момент натаму, личноста која ги критикувала е на нивниот „црн список“. Најдобро е да се има предвид дека критиките не смеат да се сфаќаат лично и дека не сите луѓе на светот се злобни.

Лав
Егото на претставниците на овој знак е толку големо, што некогаш е претешко да се контролира. Но, токму егото е најголемата пречка за Лавовите да се покажат колку навистина вредат и знаат. Со преземањето контрола врз егото, доаѓа и ризик да се чувствуваат премногу загрозени, па за Лавовите навистина е комплицирано да се даде совет како да го надминат овој проблем.

Девица
Девиците се посветени работници и перфекционисти, дури и кога со тоа го ризикуваат своето здравје. Толку се предаваат на работата, што често не обрнуваат внимание на соработката со колегите. За да бидат уште поуспешни потребно е да бидат помалку самокритични, но и редовно да ги користат деновите за одмор.

Вага
Вагите сакаат и во реалниот живот да воспостават баланс врз сè, па затоа и успеваат да не избувнат дури и кога сите им се буквално качени врз глава. Но, кога тоа нема да им успее, може да се случи да изнакажат зборови или да напишат имејл за кој веднаш ќе зажалат. Поради тоа, потребно е да не собираат сè во себе, туку да зборуваат отворено за проблемите.

Скорпија
Амбициозен знак, но во исто време и по малку таинствен и себичен, што не го прави добар тимски играч. Во своите колеги гледаат конкуренција, па не се ни зближуваат со нив. Токму затоа подобро е да се намали интензитетот на природните емоции и да се даде шанса на соработката.

Стрелец
Претставниците на овој знак се познати по тоа што немаат влакна на јазикот и се претерано искрени кога ќе ги прашаат за мислење. Но, кога е во прашање работното место, тоа не е баш добра навика. Ако нема ништо добро да се каже, најдобро е всушност сè да се премолчи во моментот.

Јарец
Јарците се посветени работници и секогаш имаат свој начин на ефикасно завршување на работните задачи. Поради тоа лесно може да се изнервираат кога некој ќе направи грешка или уште повеќе, ако не го прифаќа нивниот начин на работа. Важно е да се обидат да согледаат дека и другите можат да имаат одлични идеи и начини на работа, од кои и самите нешто ќе научат.

Водолија
Сакаат длабоко да размислат, но навистина не е потребно да се анализира секоја работа до најмалата ситница. Сепак, не можат да си помогнат кога се во прашање анализите во главата и постојаното размислување за исти нешта. Затоа е добро да се вклучат во некаква активност пред да се впуштат во размислување, за да се ослободат од тензијата.

Риби
Рибите се чувствителни и креативни, имаат многу работни квалитети, кои може да пречат доколку работат во компанија каде што е јасно дефинирана структурата, хиерархијата, а и самата работа. Поради тоа, препорачливо е креативните напливи да ги преточат во некое хоби, за да го покажат целиот свој потенцијал.