Марија се врати во јавноста со уште еден човек способен да и  обезбеди луксузен живот и да и ги задоволи нејзините финансиски каприци, пишува бугарскиот Weekend.

Пејачката е интимна веќе две недели со синот на поранешниот сопственик на Левски, Тодор Батков. Марија и нејзиното ново момче заедно ги минуваат ноќите и често одат на вечера во најлуксузните локали во Софија. Пред неколку дена папараците на “Викенд” ја снимиле „спонзорушата“ и Батков Џуниор во скап  ресторан. Стрвна за деликатеси од неколку стотици лева, Марија постојано била со  блажена насмевка додека нејзиниот кавалер буквално сјаел од среќа. Покрај будните погледи на обезбедувањето на младиот Тодор, тие влегле набрзина во луксузниот бел мерцедес, а лимузината заминала со голема брзина.

Каде оди германското возило е повеќе од јасно – таму каде што фолкерката ќе му даде на својот нов интимен пријател  нежност и страст, пишува „Викенд“. За  пејачката тој е совршен партнер за живеење. Згора, Тодор изгледа и прилично пристојно – не е со прекумерна тежина, па сексот со него за разлика од некои други претходно, не е искушение од типот на  “Опстанок” за блескавата  фолк ѕвезда.

Голем плус за Марија е фактот што Тодор е подготвен на сè за жените  кои го привлекуваат. Тој самиот признал во интервјуата дека се вљуби ли во една дама, себе си се дава до бескрај.

Вљубениот маж станува безумен. Правев многу нешта кога сум чуствувал  силна привлечност од некоја девојка. Подарував материјални работи кои, за жал, имаат премногу голема важност за понежниот пол во денешно време” – изјавил Батков.

Откако минатата година беше обвинета за систематско изневерување на вториот сопруг Христијан Гуштеров, Марија не остана долго без придружник. Целото лето минатата 2017 година таа одмораша во најскапиот хотел на Сончев Брег –  “Дина”, а сметката таму ја плаќал тогашниот нејзиниот спонзор Ангел Тенев – Свињарот.

Со сопственикот на индустријата  за месни деликатеси пејачката беше интимно блиска до моментот кога тој не почна да ја притиска да почне да живее со него во Стара Загора.

vistina.mk