Еден автомобил рано утринава бил запален на улицата „Кумровец“ бр. 14 во Скопје.
Како што соопшти Територијална противпожарна единица на Град Скопје, пожарот бил локализиран во периодот од 5:06 до 5:50 часот. Интервенирале тројца пожарникари со едно возило.
Причинета е материјална штета од 600 илјади денари.
Во изминативе недели во Скопје имаше серија запалени автомобили. На 6 август на пример во една ноќ биле запалени четири автомобили и тоа на различни локации во градот. Од полицијата засега нема информација дали станува за изолирани инциденти, или за намерно палење на автомобили од некоја организирана група.