„Мешков има добри играчи и тоа го докажа на досегашните натпревари. Наше е максимални да бидеме подготвени, да одиграме една добра партија и секако да оствариме победа. За некакви промени во клубот ќе биде потребно повеќе, не можат работите за краток период да се свртат кон посакуваниот правец“, ова го изјави тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров пред дуелот во недела (17:30 часот) во СЦ „Јане Сандански“, кога „црвено-црните“ го пречекуваат Мешков Брест во продолжението од групната фаза во Лигата на шампионите.

Тој додаде дека во текот на денот ќе добие информации од лекарите дали Атман и Горпишин ќе ги има на располагање за неделната пресметка.

– Верувам дека Атман ќе биде во тимот во недела, додека за враќањето на Стоилов има еден момент кој се вика враќање во форма. До попладнево ќе знаеме точно какви повреди имаа и Атман и Горпишин, но реков бекот би требало да биде во состав. Столе верувам дека психички е подготвен да и помогне на екипата и на претходните натпревари, но и на овој, но не треба ништо да форсираме“, изјави тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров.