Денеска во ФФМ беа извлечени двојките за четвртфиналната фаза од Купот на Македонија.

Бранителот на трофејот во натпреварувањето, тимот на Академија Пандев ќе се соочи со Шкупи, додека актуелниот првак Шкендија оди на пресметка со Работнички.

Меѓу најдобрите четири екипи сигурно место ќе има еден второлигаш бидејќи во 1/4-финалето ќе се соочат Брегалница и Лабуништа, а последниот пар го сочинуваат Струга Трим Љум и Ренова.

Четвртфинални парови – Куп на Македонија:

Шкендија – Работнички
Брегалница – Лабуништа
Струга Трим Љум – Ренова
Шкупи – Академија Пандев

Првите мечеви се закажани на 4. декември, а реваншите на 4. март наредната година.