Францускиот затвор Флеури-Мерожис, каде се затворени 20 исламски џихадистки и е познат поради исламската радикализација, едноставно се распаѓа. Персоналот мака мачи со насилство и исцрпеност, се пожали претставник на затворот за РТ.

Во делот за женски затворенички во затворот Флеури-Мерожис, лоциран на само 24 километри од Париз, има 290 затворенички, од кои администрацијата 20 ги смета за исламски терористи, или ТИС.

„Заради нивниот профил (20 се жени), сите нивни движења мора да бидат следени од затворски персонал, но ние немаме доволно стражари за да ја исполнат обврската сосодветно“, изјави за РТ Франција, Амброз Коуби, претставник на синдикатот.

Еден значаен проблем е тоа што француското разузнавање се колеба да сподели информации со затворската администрација.

„Знаме дека некои се затворени заради терористички акти, но не знаме под кои услови“, изјави претставникот, истакнувајќи дека персоналот честопати не знае што да очекува од радикализираните жени.

Затворот, исто така, е многу лошо изграден за ултра опасните затвореници, па така теористите повремено покажуваат агресија кон персоналот.

„Затворски чувар минатата недела беше нападнат од радикален затвореник“, додаде Коуби.

Таа објасни дека затворот нема ќелии самици, па ако искрсне инцидент насилните затвореници мора да се префрлаат во друг затвор. Како друг проблем таа посочи што чуварите се превработени, преуморни, па обидите за самоубиство не се ретка појава.

„Нашиот затвор едноставно колабира. Имавме две самоубиства овој месец, маж и жена“, рече таа и додаде дека уште една чуварка се обидела да се самоубие.

Администрацијата наводно била запозната со проблемот, но на персоналот до сега не му испратила неопходна помош.

Во затворот Флеури-Мерожис има 4.300 затвореници и е познат како центар на исламска радикализација. Меѓу затворската популација е и Салах Абдеслам, кој беше зад убиствениот напад во Париз во 2015 кога беа убиени 130 луѓе (масакрот во Батаклан), потоа Амеди Кулибали, еден од терористите кои нападнаа кошер продавница во Париз, како и Шериф Коуачи, еден од напаѓачите на весникот Шарли Ебдо.

Во затворот имало повеќе инциденти, а еден од нив е тој во јануари годинава кога најмалку 120 затореници обија да се вратат во ќелиите.