Данска им се придружи на европските земји кои го забранија носењето облека кое го покрива лицето, како бурки и никаба.

Данскиот парламент со 75 гласови „за“, 30 „против“ и 74 воздржани, ја донесе оваа одлука, а предлог законот во процедура го поднесе владејачката коалиција од десниот центар.

Владата истакна дека ова законско решение не е насочено против ниедна религија и дека не се забранува носењето шамии, турбани или традиционалните еврејски капчиња.

Законот стапува во сила од 1 август, а за негово прекршување е предвидена казна од 1.000 дански круни. Забраната за носење облека која го покрива лицето е донесена во Франција, Австрија и Белгија.