Дисциплинската комисија на УЕФА задолжена за финансискиот фер-плеј условно го казни најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.
Доколку до 31 јануари 2019 година „црвено-црните“ не ги исплатат заостанатите долгови, и дополнително да ја платат наметнатата денес казна од 100.000 евра, Вардар ќе биде исфрлен од европските натпреварувања во наредните две години.
Освен Вардар казнети се Левски (Софија) и Спортинг (Лисабон).