Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2020 година, изнесува 25 830 денари, објави Државниот завод за статистика.

Во март, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, изнесувала 26 422 денари, во февруари 2020 година изнесувала 27 206 денари, а во јануари 2020 година изнесувала 27 540 денари.

Како што можете да забележите, падот започнал и пред почетокот на кризата со епидемијата, па така веќе во февруари нето платата била пониска за 304 денари, а во март, кога веќе можат да се калкулираат и некакви ефекти од кризата, намалувањето во однос на јануари е за 1 118 денари.