Коле Манев

МАРА: -Петре, зошто човекот е така угол гол? Да не е ова некоја мода луѓето да одат така голи?

ПЕТРЕ: -Мара, зошто не го прашаш ти?

МАРА: -Го прашав, тој вели можеме, можеме…

ПЕТРЕ: -Што можат?

МАРА: -Не знам Петре, прашај го ти.

ПЕТРЕ: -Човеку, зошто си така угол гол?

НИКОЛА: -Во борбата која ја водам за Вас, за нашата мила татковина, за нашата богата историја, за нашите јунаци кои го дарија животот за ваквата кауза од тие причини останав така угол гол.

МАРА: -Ох, што слушам!? Дете ти си бил јунак, се бориш за нас, за нашиот јазик,  историја и култура и остана  така угол гол! Како ти се случи тоа?

НИКОЛА: -Во Нивици, знаете каде е тоа нели? Во Нивици направивме чудо. Токму на тоа место го потпишав договорот од Преспа и токму тогаш Коѕијас ми го зеде палтото, а Ципрас кошулата. Со договорот со нашиот источен сосед повторно се случи чудо. Во тоа чудо од  договор Борисов ми ги зеде панталоните. Сега знаете зошто сум така угол гол.

МАРА: -Петре слушна што кажа човекот, тој работи за нас а тие го ограбија! Гледаш Петре во какво време живееме?Нели ќе биде добро да му дадеме од тие нашите стари плачки, да се облече,  да не шета по светов така угол гол. Што мислиш Петре?

ПЕТРЕ: -Мара немој да брзаш, почекај малку. Човеку велиш дека се бориш за нас, за нашата македонска кауза, ако е така кој те тераше да ги потпишеш тие довори? Со Мара на референдумот гласавме против промена на името ти го направи спротивното. За такво чудо ни кажуваш?   Сега Маро знаеш зошто човекот е угол гол!

МАРА: -Петре златен  си! Јас проста, скоро ќе му поверував.