ПРЕД  ФРЕНСИС  БЕЈКОН, ЗБОР  ДВА  ЗА   БАЛЕРИРИНИТЕ  И БАЛЕТАНИТЕ  ОД  ОПЕРАТА  ГАРНИЕ.

Коле Манев

Во Париз, во мноштвото протести поврзани со предлог законот за новиот пензиснки фонд, своевиден протест одржа и балетскиот ансамбл заедно со оркестарот при националната опера Гарние и тоа на нивен инвентивен и творечки начин. Чувствувајќи се загрозени од новиот пензиски предлог-закон – во досегашниот закон е предвидено да се оди во пензија на возраст од 62 години, а со новиот предлог се сака етапно зголемување за заминување во пензија од 62 на 64 години – речија и тие на свој начин да си го кажат мислењето.

Нивниот гнев, гневот на балетскиот ансамбл од операта Гарние, е посебно изразен бидејќи тие се чувствуваат клако припадници на посебна професија која бара посебна физичка и ментална кондиција. Оттука, пред влезот од операта истакнаа големо пано со протесна содржина дека и тие се против предлог законот за одење во пензија со зголемен временски период од 62 на 64 години. Пропратени од националниот оркестар изведоа балетска претстава во живо на платото од операта која траеше повеќе од половина час. Тие што присуствуваа на несекојдневното балетско шоу (а и од тоа што можев да видам на ТВ каналите) велат дека на ова претстава имало повеќе посетители од вообичаените балетски содржини одржани внатре во самата опера. Толку за балерините и балетаните заедно со оркестарот кои изведоа шармантен, би рекол творечки протест со музички точки од музичките дела на Чајковски и Офенбах.

Изложбата на Френсис Бејкон, која се уште трае во музејот Жорж Помпиду е апсолутно импресивна. Досега имав можност да видам негови дела на заеднички изложби или во приватни галерии, со оваа изложба можеби Бејкон за првпат се претставува пред љубителите на ликовната уметност во Париз и пошироко, во таков обем што само од оваа изложба може да се направи сериозен пресек на творештвото на овој чуден и снажен ликовен творец (во каталогот пишува дека во 1971 година во Гранд Пале имал голема ретроспективна изложба, но за жал таа не сум ја видел).

На оваа изложба  се изложени педесетина слики од поголем формат, неколку триптиси, како и помали дела претежно автопортрети, портрети на негови пријатели, роднини или соработници, посебно неколку портрети на долгогодишниот негов сопатник Жорж Даер.

Бејкон е роден на 28 октомври 1909 година во Даблин. Како дете бил болежлив и живеел во крајно сиромашни услови. Неговиот татко кога дознава дека Бејкон е геј го брка од дома и така почна потрагата на Френсис Бејкон по неговата ликовна  рапсодија. Принудно заминува за Лондон, потоа во Париз и Берлин. Во помладите години се воодушевува на делата на Веласкез, Никола Пусен, како и тие на Рембрант. Во Париз ги гледа сликите на Пикасо од кого и сега се гледа извесно влијание. По Втората светска војна вртоглаво се здобива со слава, често патува низ Европа и светот, посебно во Америка каде ги продава и првите негови слики. Во 1992 заминува од овој свет при едно патување во Мадрид.

Благодарение на неговите ликовни дела и понатаму можеме да комуницираме со овој од една страна поетичен, а од друга драматичен но реален ликовен творец.

За крај, се рзбира, Среќна Ви Нова 2020 Година!