Колку навреди треба да кажат бугарските политичари кои Бујар Османи може да ги поднесе и премолчи?
Има ли Македонија институции за да испитаат и расветлат насилство какво се случи во Охрид, па да мора да се инволвира Бугарија?
Ковачевски да одговори во какво својство е во Бугарија Бујар Османи, и чиви интереси брани?
Владата на СДС е многу повеќе на Бугарија и Албанија отколку на Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштението доаѓа откако денеска Османи порача дека секој кој ќе дојде во Македонија со намера да ги навредува Македонците, ќе му биде забранет влезот, односно тоа ќе му биде последно доаѓање.