„Еуроњуз Албанија“ јавува дека на граѓаните им биле потребни над 2 часа за да преминат од Албанија во Македонија
Голем проток на возила денеска бил забележан на граничниот премин „Ќафaсан“. Според информациите, редиците се создадени како резултат на потребата за купување нафта и храна по пониски цени, кои се зголемија и во Албанија, но и низ целиот свет поради војната во Иран.
Видеото погледнете го ТУКА
Од снимката што ги објави „Еуроњуз Албанија“, се забележуваат долги редици со возила. Според извештаите, на граѓаните им биле потребни над 2 часа за да преминат од Албанија во Македонија. Слична ситуација е пријавена и во Какавија на граничниот премин со Грција.
Инаку, за утре во Скопје е најавена вонредна владина седница, на која премиерот Христијан Мицкоски посочи дека ќе се намалат акцизите за горивата, за да се спречи големо поскапување.
„Во моментот немаме никакви индиции дека од аспект на волумен би имало потреба од ограничување, за разлика што тоа го направија некои земји – членки на Европската Унија. И не само што тоа не го правиме, туку и голем дел од граѓаните од нашите соседи доаѓаат кај нас и ги танкираат резервоарите, односно своите возила“, рече Мицкоски денеска во изјава за медиумите.
На новинарско прашање дали има шанси некои од препораките на ЕУ за штедење да се воведат, Мицкоски кажа:
Имаме доволно количини, сега за сега нема никаква потреба.




