Цркви со звучници, џамии со звучници – од каде изникна оваа турбо-фолк верзија на религиозност, прашува проф. Катерина Колозова.

„Вака не беше, вака нигде не е“, реагираа професорката, приврзаник на тн. шарена револуција и блиска до власта, за озвучувањата на верските објекти од кои верските обреди се слушаат преку звучници.

– Никој никого нема право да го тероризира со сопствените уверувања, вклучително и религија. Јас не знам за дел од овој континент наречен Европа каде што се дозволува ваква наметливост- и за едните, и за другите. На километри се слушаат. Може ли и МПЦ и ИВЗ да не се тероризираат взаемно, своите верници, и останатите што не се никакви верници, објави Колозова на својот профил на Фејсбук.