Колумбиските граѓани со право на глас денеска ќе бираат претседател на државата, на први избори по склучувањето на примирјето меѓу властите во Богота и левичарската герилска група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК).
Во трката за претседател учествуваат шестмина кандидати, но главни фаворти за победа се поранешниот потпретседател Херман Варгас Љерас од центристичкото Движење „Најдобар е Варгас Љерас“ (МВЛ), кој ја има поддршката на владејачките партии и екс-градоначалникот на Богота, Густаво Петро од левичарското Прогресивно движење (МП).
Сепак можно е изнендување на изборите да направат поранешниот сенатор Иван Дуке Маркез од конзервативната партија Демократски центар (ЦД), кој ја има подршката на поранешниот претседател Алваро Урибе, главниот критичар на договорот со ФАРК, како и градоначалникот на Меделин, Серхио Фахардо од популистичкото движење Граѓанси компромис (ЦЦ).
Останатите двајца кандидати во претседателската трка се поранешниот потпретседател Умберто де ла Кале од Колумбиската либерална партуја (ПЛЦ) и сенаторот Хорхе Антонио Трухиљо од движењето Ние сме Колумбија (ТСЦ)
Меѓутоа се очекува на денешното гласање ниту еден од кандидатите да не освои над 50 проценти од гласовите, што ќе значи дека двајцата првопласирани претенденти за претседателската функција ќе мора да се соочат во вториот изборен круг, што би се одржал на 17 јуни.
Главни теми околу кои се „кршеа копјата“ во кампањата беа борбата против корупцијата и криминалот, социјалната нееднаквост, договорот со ФАРК и односите на Колумбија со соседите.