Одгледувачите на кока во источниот дел на Колумбија ги ослободија 180-те војници, задолжени за искоренување на нејзините насади, а кои ги држеа неколку дена, соопштија синоќа локалните власти.

Војниците во вторникот беа приведени во училиште во источна Колумбија.

Производителите на кока го напуштија училиштето и ги ослободија војниците по преговорите со делегација на локалните власти.

За време на приведувањето војниците не биле жртви на никаков облик на насилство, велат одгледувачите.

Колумбискиот претседател Иван Дуке изјави дека војниците се добро и дека покрај оружјето што не им било одземено, не сакале да влезат во вооружен конфликт со одгледувачите и со тоа покажале професионализам.

Во Колумбија често има судири меѓу производителите на кока и припадниците на безбедносните сили задолжени за уништување на овие култури.

Со рекордно производство од 1.010 тони во 2020 година, Колумбија останува водечки светски извозник на кокаин, главно во САД, земја која е главен потрошувач на дрогата.