Алдо КЛИМАН

Македонија е заложник на две оpасни атипични мафии со кодни имиња ЗЗ и АА, и со официјално регистрирани мафијашки фирми – СДСМ и ДУИ. Текстот што следи подолу е обид и нив самите, – тие што ни ја уништија Македонија – и нивните верни поданици, да ги освестиме дека тие се најобични мафијаши, криминалци, а не никакви политичари и угледни луѓе како што си се замислуваат себе си и како што сакаат и ние да ги третираме.

Од криминал до „Углед“, и назад кон дното

По повеќе од шест години надреална општествено-политичка агонија на Македонија и особено на македонскиот народ, неминовно се ближи и моментот на разврската на нашата македонска национална драма, и веројатниот крај на оние најдолни ништожници што ги предизвикаа сите тие невидени бури, што ги создадоа сите наши ужасни национални и лични понижувања, болки и црнила, и што и натаму нè држат како заложници на својот организиран политички, стопански и секаков друг криминал и корупција, на своето лудило, и на своите безочни велепредавства.

Знам, можеби некој и ќе се запраша чуму ваков текст сега, кога конечно и така и така сè излезе на видело, кога веќе сè е кажано, и кога сè ни стана сосема јасно, но, по некаква несопирлива инерција на општиот колапс на самодовербата и на самопочитта, многу нешта сè уште се чинат нејасни, несфатливи и се надвор од досегот на нашето логично расудување и на какво и да е позначајно влијание. Едно, меѓутоа, е сосема сигурно: сакале тие или не, па дури и на што и да излезе, се ближи крајот на виновниците на овој страшен, повеќе од полудецениски национален кошмар, терор и срам, а сепак некои нешта, барем во смисла на нивната конкретна и цврста, и не само некаква необврзувачка и лесно соборлива колоквијална дефиниција пред современата македонска и меѓународна јавност, сè уште не се искажани до крај прецизно, и особено не без куртоазни политички влакна на јазикот. Затоа, на крајот од овој „дел“ од „новата историја“ што ни ја создаде патолошкиот заевизам, барем ќе се обидам да дадам една поизострена слика за вистинската мафијашка рамка и основа на овој морбиден, велепредавнички, авторитарен, диктаторско-полициски период, кој несомнено е на издишување, но кој сè уште не само што може да ни задава страшни, смртни удари, туку тој тоа, гледаме, и натаму хистерично и безочно го прави.

Уште од самиот почеток на македонската библиска трагедија со инсталирањето на заевската квислиншка власт, иако тоа поради низа пресложени фактори навистина не беше лесно веднаш да се сфати, во Македонија се издиференцираа две официјални мафии, екстремно опасни криминални организации со најоригинална генеза во општопознатиот мафијашки свет, во кој токму како такви се прифатени и интегрирани на еден свој, сосема особен начин. Нивните кодни имиња се ЗЗ и АА, а зад тие иницијали стојат имињата на Зоран Заев и Али Ахмети, лидери на две, при македонските државни институции уредно регистрирани мафијашки фирми СДСМ и ДУИ, како единствен пример во светот на совршена симбиоза и кохабитација на државата и мафијата.

Како и безброј други, за едно нормално, цивилизирано, демократско општество апсолутно застрашувачки прецизни и неприфатливи поими, кои, за жал, во последниве шест години на манијакално разгорениот сеуривачки и сеуништувачки заевизам сосема ја одредуваа и ја одредуваат општествената стварност во Македонија, така и зборовите „мафија“, „мафијаши“, „мафијашки“, „мафиозо“ и сл., мошне фреквентно се појавуваат и функционираат во колоквијалната употреба меѓу народот, и особено на социјалните мрежи, а во последно време, неретко, иако поради перфидната стигма „говор на омраза“ и мошне претпазливо, се појавуваа дури и во политичкиот речник на некои актуелни актери на општествено-политичката сцена во Републикава. Па сепак, и покрај стравотниот деструктивен замав што го земаа на сите полиња и во сите сегменти, од клучните државни и институционални артерии до најситните општествени капилари на јавниот живот и на јавните дејности, и покрај тоа што сосема разголено, нескривечки безобѕирно дејствуваат во најразлични интересни насоки, досега не се најде никој, ниту во политиката, ниту во судството, ниту во безбедносните служби, ниту пак во медиумите, јасно да ги дефинира и да ги официјализира како такви, како мафии, и на тој начин да им ја одреди и да им ја обзнани онаа општествено-политичка и економска сериозност и тежина, што навистина ја имаат во безочното криминално разјадување, растурање, ограбување, и однатре и однадвор, на државното, економското, институционалното и социјално ткиво на Македонија.

Но, како што реков погоре, мора да се признае дека реално и не било така едноставно да се даде таква категорична и конечна дефиниција за тие две мафии, ЗЗ и АА, пред сè заради апсолутно оригиналниот урнек на генезата и на сложените и слоевити ефекти на нивното здружување во опасни криминални организации, што е досега навистина невидено во познатиот мафијашки свет. Затоа зборовите „мафија“, „мафијаши“, „мафијашки“, „мафиозо“, како означители на нивното бескрупулозно мафијашко однесување и дејствување, главно инцидентно се појавуваа, и постапно се разводнуваа во секојдневната колоквијална комуникација на обичните граѓани, или на нивото на повремен, речиси сосема немоќен изблик на јавен вербален одговор и отпор кон тоа најцрно општествено зло што ја погоди Република Македонија.

Овој текст е обид и нив самите, и нивните верни поданици, да ги освестиме дека тие се најобични мафијаши, криминалци, а не никакви политичари и угледни луѓе како што тие си се замислуваат себе си и како што сакаат и ние да ги третираме.

Во што е посебноста на генезата на двете атипчни мафии на Зоран Заев и на Али Ахмети?

Имено, сите познати мафијашки организации во светот својот зародиш го имаат во ситниот уличен криминал и насилство, кои постапно окрупнуваат, цврсто се структурираат на нивоа на дејствување од најмалите улични криминалци, извршители, тнр. „војници“, кон сè повисоките позиции во „фамилијата“, така што се создава онаа позната пирамида на моќ на чиј врв е главниот бос, газдата, capo di tutti capi, во сицилијанската мафија именуван и како „дон“. И сите тие, на сите нивоа на мафијата а ова посебно го нагласувам! се сосема свесни дека се криминалци, дека се луѓе надвор од законот, независно од тоа дали тоа бил нивен личен избор, или пак по стек на околностите попаднале во криминални води. Конституирањето на тие мафии, значи, се одвива одоздола кон горе, и трае со години и со децении, сè додека не се оформат сосема и додека цврсто не се етаблираат во останатиот постоечки мафијашки свет, со јасно изделени постапно заземени територии, како и со видови на некои нивни предоминантни активности: дрога, проституција, трговија со оружје, трговија со бело робје, перење пари, рекетирање или сето тоа комбинирано… Денес навистина многу се знае за организациските карактеристики на мафиите и за нивните modus operandi, и тоа не само од обемната светска публицистика и низата врвни документарни филмови, туку и од крајно сериозните, содржински и уметнички продлабочени и мошне уверливи филмски и тв-екранизации, какви што беа, да речеме, филмската трилогија „Кум“, или серијата „Сопраноси“.

Најголемите мафијашки организации во светот, какви што се сицилијанската, руската, колумбиската, јапонската или албанската мафија, се екстремно опасни, распространети низ светот и цврсто меѓусебно вмрежени во сите оние сегменти во кои имаат важни допирни точки. Секако, една од нивните главни „грижи“ е како да функционираат непречено и „невидливо“ пред своите перманентни прогонители, полицијата и судовите, но веќе самото нивно постоење и опстојување во толкав неверојатен број, и со толкава финансиска моќ и несомнено општествено влијание во низа средини во кои што дејствуваат, говори за тоа дека таа нивна мимикрија успешно функционира. Повременото „паѓање“ на босовите е сосема симболично во однос на нивниот број и на способноста на мафиите во таквите случаи веднаш и бргу да се регенерираат и да се реконституираат.

Најмоќните босови во мафијашкиот свет уживаат во тоа да се покажуваат со својот гламурозен живот и со својот божемно висок општествен статус (големи, непрегледни имоти, хациенди, вили, приватни авиони, скапи коли, патувања, најлуксузни хотели, значајни познанства во џет-сет круговите, убави жени, слуги), но, на крајот, сепак, единствен сон на секој од нив останува преку таа своја валкано здобиена моќ постапно „на општеството да му се вратат“ како пречистени, фини, угледни, ценети граѓани, сосема пожелни дури и за најважни места во највисокото политичко милје. Во тоа главно мошне ретко успеваат во текот на својата прва, „крвава“ мафијашка генерација, иако несомнено има и такви случаи, но многу поуверливо тие и такви цели на „граѓанска лојалност, интелектуална префинетост, образование и углед во општеството“ им поаѓа од рака дури на претставниците на втората, третата, или најчесто на четвртата генерација, кога правта за најдолните, највалкани, крвави криминални почетоци и незаконското минато на нивните претци веќе сосема се слегнала, а водата околу нивните валкани животи целосно се смирила. Ете, тоа е тој сонуван пат на секој мафијаш: од уличен криминал до општествен углед, од тепач, уценувач и гангстер, до господин во убави, скапи, маркирани облекла и вратоврски, со фенси диоптриски наочари што даваат изглед на божемен редок интелектуалец и мудрец, а притоа и мошне ценет граѓанин во својата средина, и пошироко, втемелител, сопственик и претседател на некаква измислена хуманитарна фондација, и слично.

Стремежот на мафијашите и на нивните организации за подем кон највисоките сфери на општеството, сè до самиот државен врв и до највисоките позиции во клучните државни институции, има две компатибилни причини: првата е исклучиво „деловна“, што подразбира создавање услови за непречено криминално дејствување на организацијата, а втората е „лична“, би рекол, „фројдовска“, што значи патолошки обид за општествено редефинирање на својата личност од беден криминалец и злосторник во влијателен, угледен член на општеството, сосема ослободен од мизерното минато. Во познатиот мафијашки свет тоа не е ништо особено ново, и оттаму доаѓа и онаа позната, многупати цитирана реченица: „Сите држави имаат мафии, а нашата мафија си има своја држава“.

Се разбира, во оваа претходна, штотуку претставена слика за мафијашите, нема никакви скриени алузии за мафијашките босови, „нобеловецот“ Зоран Заев и „почесниот доктор“ Али Ахмети. Но, како што вели Наполеон, „од големото до смешното има само еден чекор“.

Сите нешта кажани погоре исцело важат и за нив двајцата и за нивните две мафијашки организации во Македонија, СДСМ и ДУИ, само што принципот на нивното дејствување и патот до тие нивни лични патолошки фантазии да станат „угледни граѓани“ бил сосема поинаков и, мора да се признае, во однос на познатите мафијашки примери, мошне оригинален, иако подеднакво валкан до грло.

Нивната „оригиналност“, меѓутоа, не беше одредна, ниту пак дефинирана, од некаква си нивна невидена мафијашка „генијалност“, туку пред сè од вантрешно- и надворешно-политичките околности, а се состоеше во тоа што, наместо да растат од ситниот уличен криминал „кон горе“, веднаш, со сите средства тргнаа „од горе“, од државата, од заземањето најмоќни позиции во политиката, во власта, во правосудството, во полицијата, во војската, и во сите јавни и општествени институции и во медиумите, а патем паралелно ја зацврснуваа својата мафијашка мрежа во физичките и социјалните ареали на своето криминално дејствување, така што „базата“, т.е. таканаречените „втори, трети и четврти ешалони“, па сè до последните најдолни, банално индоктринирани, но егзистенцијално осигурани„војници“, насилници по улиците, на стадионите, на социјалните мрежи, и на други јавни места, се конституираа сами по себе, во услови на за нив една сосема релаксирана мафијашка клима. Навистина, многу нешта притоа им одеа и на рака, а Заев и Ахмети, и двајцата психолошки сосема поместени, секој на свој начин, тоа совршено вешто го искористија за успешно да си ги структурираат пирамидите на своите две мафии, ЗЗ и АА, како одделно секоја за себе, така и едната во однос на другата во поглед на договорената меѓусебна поделба на сите сегменти на нивните јасно назначени интересни сфери во државава. Меѓу овие две мафии е воспоставен цврст, нераскинлив мир, а изјавите за божемните повремени „тензични разговори“ помеѓу двајцата босови претставуваа само дел од циничниот мафијашки фолклор пласиран во јавноста. Токму затоа за сето време на нивното безумно царување и арачење толку „глатко“ функционираше, и еве, и во актуелнава, донекаде флексибилно редефинирана форма со лажниот премиер и политички кловн Ковачевски alias Заев на чело, сè уште успешно функционира нивниот комплексен злосторнички потфат врз Македонија и врз македонскиот народ.

Врз што се втемелени и врз што толку цврсто се потпираат овие двајца опасни мафијаши и нивните атипични мафии?

Од моментот на наглиот целосен цивилизациски пресврт и радикалното ресетирање на меѓународниот поредок во девеесеттите години од минатиот век, па сè до денес, како економски, општествено-политички и етнички најнестабилно и најтрусно подрачје во светот се покажаа токму државите од распаднатиот социјалистички и комунистички блок, вклучително и Република Македонија, и со самото тоа станаа ширум отворено и небрането, атрактивно ловиште за сите видови на отелотворено внатрешно и надворешно Зло. Во заемниот острвен и немилосрден натпревар во преземањето и грабежот на државите и на нивните витални институции, на нивните социјални содржини и на стопанските, економските и финансиските ресурси, најагилни се покажаа „политиката“, т.е. „политичарите“ (или оние што себе си така си се дефинираа), и, се разбира „мафиите“. Очекувано, како клучен катализатор во тие незапирливи драматични промени веднаш се наметнаа и светските центри на политичката, економската и воената моќ за да можат брзопотезно, ангажирано и најдиректно да учествуваат во распределбата на новите интересни сфери, па и на оние старите до кои дотогаш не успеала да досегне нивната предаторска рака.

Најважниот, пак, конститутивен елемент на секоја држава народот, во новосоздадените пост-комунистички држави, речиси без исклучок, остана со кратки ракави. По првата поетична фасцинација и восхит од крајно површно сфатениот поим демократија, дотогаш апсолутно непроверен врз сопствената кожа, и по разбирливата егзалтација и оптимистична загледаност кон „новата иднина“, народот почна „демократски“ да им ги доверува мандатите на политичарите од најразлични општествени провениенции, од оние од старите, закоравени соцреалистички и комунистички кадрови, нагло пресоблечени во „ново демократско руво“, до новопечените политички скородојденци, неретко и најобични дилетанти и аналфабети. Се покажа, меѓутоа, дека во „младите демократии“, буквално сфатениот поим „мандат“ подразбира сосема одврзани раце и практично неограничено дискреционо право во располагањето со државата и со нејзините вредности. А во таа најсложена општесвено-политичка транзиција што секавично протатни низ источноевропските и балканските земји, поради општопознатите специфични културно-историски околности и вековните безобѕирни посегања на соседите, најтрагично помина токму Македонија.

За македонскиот народ беше погубна целосната сосема некритичка идентификација, поточно вешто извршената замена во претставите на јавноста на овие две опасни, морбидни „мафии“ со официјалната „политика“, идентификација која тие, со сите расположливи средства и квази-државни и квази-политички инструменти и натаму мошне успешно ја одржуваат во најголемиот дел од поделената македонска јавност. Мафиите ЗЗ и АА, цврсто етаблирани како насилно однадвор инсталирани или само pro forma демократски избрани носители на државната политичка, судска и стопанска / финансиска моќ, се чувствуваат сосема безбедно таму каде што се наоѓаат т.е. на врвот на апсолутната, подарена но и насилно дограбена моќ, и немаат никаква намера оттаму да се истават, да ги соблечат своите лажни господски политички облекла и свилени вратоврски, и одново да се покажат онака соголени, валкани, во своите отпаднички, криминални, мафијашки рува.

Веднаш ќе се обидам да објаснам како се структурирани, од една страна, „целите“ и  „методологиите“ на тие две мафии, но, од друга страна, и илузиите, заблудите и интересите на нивните крајно предани „војски“ и „војници“, на што, вчудоневидени, сведочиме веќе цели шест години, но чувствувам дека на ова место би требало да одоговорам и на прашањето кое како да лебди во воздухот уште од првите редови на овој текст: имено, зошто воопшто го спомнувам

Зоран Заев кога тој веќе „евидентно“ не е во врвот на македонската државна политика?

Не, мафијашкиот бос Зоран Заев од разни тактички причини, свои и туѓи, само привремено се повлекол, или е ставен во втор план, во „лер“, со намера како своевидна „сива еминенција“ и натаму, како некаков „невин виновник“, да ја сокреира квислиншката државна политика, и, се разбира, со крајна цел повторно, на голема врата, но сега „како угледен господин“, „успешен деловен човек“, „мудрец“ и „голем добротвор“, да се врати во високата државна политика, а како несуден „нобеловец“ зошто пак не и во меѓународната. Верувам дека времето ќе покаже оти тој негов, донекаде и меѓународно и внатрешно изнуден потег, за него всушност беше една ризична авантура, со разни можни исходи, на кои мошне скоро ќе сведочиме, но исходи секако неповолни за него. Веќе и неодамнешните мешаници во СДСМ, и засега само благо покажаните амбиции на Заев и на Филипче повторно сосема да загосподарат со мафијата регистрирана под тоа партиско име, укажуваат на тоа дека статусот на Заев како бос на својата мафија значително е разнишан, како, врпочем, и статусот на Али Ахмети во неговата мафија ДУИ, на кој, од една страна, неговиот Underboss или Consiliere Артан Груби постојано јавно му ја искажува својата божемна верност и преданост, додека, од друга страна, во ДУИ многу поизразено и во подолг континуитет, речиси секојдневно, се одвиваат турбулентни мешаници, со цел нивниот актуелен бос да биде турнат од тронот и заменет токму со вице-босот Артан Груби, или со некој друг чиешто име сè уште не протекло во јавноста, но кои очигледно имаат претензии да го тргнат Ахмети и самите да заседнат на местото на capo di tutti capi.

Дека мешаниците, возбудите и напнатостите во овие две мафии се реалност, и оти Зоран Заев сè уште е признаен бос на својата мафија, сведочи и неодамнешната ненадејна „посета“ на Али Ахмети и на Артан Груби во домот на Заеви кога, „во духот“ на мафијашката „етичка“ лојалност и немешање во работите и во „териториите“ и „подрачјата на дејствување“ на другата страна, требаа меѓусебно да си ја искажат довербата и добрата волја за заемен мир и соработка на мафиите, што тие, според некои медиуми, наводно и го сториле.

Инаку, во општопознатиот свет на мафиите за тие „смени“ на босовите постои многу прецизна, холивудска парадигма: крвава внатремафијашка пресметка, или некаква местенка, бомба во автомобил, и слично. Но во светот на овие две оригинални мафии, ЗЗ и АА, кои пред сопствената и пред меѓународната власт го заиграа театарот на високата политика и на демократијата, главите на босовите не можат да паѓаат така едноставно. За тоа е потребна некаква божемна цивилизирана политичка атмосфера, потребен е некаков изборен ритуал, божемно придобивање на внатрепартискиот (читај: внатремафијашкиот) електорат, фарсата мора да се одигра до крај, па дури и кога сите знаат дека сето тоа е театар, па дури и кога сите знаат дека се бедни проѕирни артисти, па дури и кога знаат дека и тнр. „меѓународни фактори“ знаат оти тоа е само нивна и заедничка евтина мајмунска игра, сите тие и натаму упорно глумат и глуматаат некаков си „фестивал на демократијата“. Тоа тегавење реално им создава тензии, вриења во мафиите, се појавуваат вакви и онакви изјави во медиумите, а потоа и деманти, и постојано нови перформанси на јавни потврдувања и колнења во верност кон актуелниот бос, „зад кој“, како што велат, „стојат сите“, само имаат некои мали забелешки кон неговата „работа“.

Ете, такви големи проблеми во таа смисла имаат „мафиите што имаат своја држава“, и не можат туку така да си ги декапитират босовите. Дури и сосема растурената држава каква што ја направија Република Македонија сè уште е рамка, некаква нивна „мафијашка етичка рамка“, но сепак рамка што колку-толку ги држи собрани на едно валкано, длабоко лицемерно криминално купче.

Но сосема е евидентно дека во двете мафии, ЗЗ и АА, лесно можат да се уочат и разликите во однос на решавањето на тие нивни „кадровски прашања“ и потребите од повремени декапитации на босовите и издигање на нови мафијашки лидери, а тоа, се разбира, произлегува од различноста на нивните „програмски цели“, на нивните модели на однесување внатре во самите мафии кои исцело дејствуваат од позиција на највисоката државна политика.

Основен стожер на успешната транзиција, трансформација и структурирање на СДСМ и ДУИ од партии во мафии со блеферски политички бекграунд е, како што самата си се наречува, „меѓународната заедница“, сочинета од Соединетите Американски Држави, НАТО и Европската Унија. За нив и за нивните цели во Македонија веќе сè е кажано, и воопшто нема смисла за тоа да се трошат зборови: нивната едниствена цел е Република Македонија и македонскиот народ како негова основна и највитална конститутивна сила да ги снема од лицето на светот, и тоа на најперфиден начин „со убаво“, по институционален пат, преку консензуални „демократски одлуки“ во Собранието, самите да си се укинат себе си.

„Со сила ли? Не, зашто на тоа ќе му се даде отпор,

туку со измами и лаги.“

Џон Милтон: „Изгубениот Рај“, V, 242-243

… Иако, за волја на вистината, зборот „сила“, денес, во време на најсофистицирани хибридни методи на владеење, има сосема друго значење, а македонскиот народ е единствениот во современа Европа што врз својот страдалнички грб веќе ја искуси неговата сурова, деструктивна и смртоносна моќ. Крајната цел на „нашите“ таканаречени „стратешки партнери“ е  територијата на поништената држава Република Македонија сосема да се редефинира според нова, за нивното господарење екстремно поедноставна геостратешка формула, т.е. со еден, до неодамна релевантен, етнички/национален, односно државен/политички субјект на Балканот Република Македонија помалку.

Уверувањата, идеологиите

Политичките концепти успеваат или пропаѓаат доколку се или не се во дослух со „уверувањата“, „стремежите“ и „очекувањата“ на јавноста, која самата по себе е иманентно комплексна по сите овие прашања.

Првото ниво на раздробувањето и овладувањето со политичката јавност се „уверувањата, идеологиите“. На македонските политичари од сите фели во изминативе триесеттина години им успеа, според нивните недржавнички, најегоистични и ступидни интереси, апсолутно да ја раздробат и сосема да ја атомизираат македонската политичка јавност. Од првите класични престројувања на „лево“, на „десно“ и на „центар“, денес дојдовме до една целосна политичка „идеолошка“ какофонија во која е измешано сè и сешто, а „уверувањата“ и „идеологиите“ претставуваат само параван за сосема други нешта. И „левите“ и „десните“ и „центарот“ си одбраа одделни историски „мемории“ како свои идеолошки ниши и заштитни знаци, и како основа за своите политички наративи насочени кон домашната и кон меѓународната јавност, но кога сите, или особено, според нивната бројност, најглавните партиски субјекти во државава, ќе ги ставиме на исто рамниште на нивните основни декларирани политички „стремежи“, а тоа е влегувањето во НАТО и во ЕУ, сите нивни идеолошки разлики веднаш исцело се поништуваат и исчезнуваат во најобично неуверливо политичкото фразерство и продавање флоскули.

По раздробувањето и консолидацијата на масите во божемни „идедолошки“ блокови врз тие и такви, всушност, сосема квази-идеолошки основи, бидејќи, реално, воопшто не се темелат врз никакви сериозни научни истражувања или јавно декларирани научни политички теории, туку врз најобични импровизации на случајни политички скородојденци, приучени, квази-политиколошки партиски дилетанти и аматери во Македонија паралелно се одвиваше и политичкото раздробување врз „етнички“ основи. Притоа јасно се издиференцираа „македонскиот“ и „албанскиот“ политички блок, да ги спомнам само најрелевантните. „Македонскиот политички блок“ ги подразбира македонските политички партии собрани околу непомирливите, смртни политички противници СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а „албанскиот политички блок“ неколкуте помали партии и најголемата ДУИ. Се разбира, немам намера да откривам топла вода, зашто ова на сите им е познато, туку сакам само да го потцртам она што длабински ги разликува нивните концепти, и причините зошто Македонија е турната во толку длабока, безизлезна црна дупка.

Стремежите и мотивите

По предвремените парламентарни избори во 2016 година и со насилното меѓународно инсталирање со државениот удар извршен во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година на квинслишката, велепредавничка власт на Зоран Заев и на СДСМ во колациија со големоалбанската ДУИ, нагло се создадоа услови за брзо и радикално свртување на курсот и на судбината на Република Македонија од независна, самостојна, суверена држава, кон некаква си аморфна вештачка државичка со реален статус на обичен меѓународен протекторат, изложен и подложен на сите можни манипулации, грабежи и деструкции, институционални и финансиски. Тие тенденции не беа ништо ново, туку само продолжение на истите (надворешни меѓународни, и внатрешните големоалбански) стремежи уште од нејзиното осамостојување, но со уривањето на државното уредување и со силеџиската, криминална промена на Уставот на Република Македонија и нејзиното неуставно преименување започна процесот на хистеричната велепредавничка распродажба на нејзиниот суверенитет и на меѓународно заверениот државен идентитет, безобѕирно поткопување на сите македонски државни и институциолни носечки столбови, и уривање на државата однадвор и однатре.

Токму во тој момент започна и забрзаната трансформација на СДСМ и на ДУИ од политички партии во криминални организции со јасни мафијашки белези, а таквото нивно реконституирање имаше целосна логистичка поддршка од надворешните центри на политичката, економската и воената моќ: САД, НАТО и ЕУ. Така за кратко време крајно дрско сосема ја преземаа и практично ја приватизираа државата и нејзините институции, и почнаа башибозучки да арачат низ сите нивни структури.

На ова место дојдовме и до прашањето на „стремежите“ и на „мотивите“ на едните и на другите.

Недвосмислените и агресивни барања на НАТО, на Соединетите Американски Држави и на Европската Унија на кои тие најсервилно поданички одговаараа, силно ги стимулираа, пред сè личните „стремежи“ и „Мотиви“ на двајцата босови, Заев и Ахмети, но и на нивните партиски „војски“ во насока на јакнење на авторитарната држава, при што дојде до нивната целосна идентификација со неа и со нејзините институции, како и до запоседнување на сиот јавен сектор низ кој се разлеаја краците на невидена меѓусебно договорена партизација од страна на едните и на другите, заради јакнење на нивната тоталитарна политичка, институционална, правосудна, репресивна и, се разбира, стопанска / финансиска моќ, и создавањето поданичка пирамида „кон долу“, како и цврста, безусловна егзистенцијална поврзаност со својата политичка и изборна база. За кратко време вистинската моќ на Заев и на Ахмети, и на нивните „андербосови“ и „консилиери“ стана апсолутна, а судбината на целата држава и на нејзините жители премина во рацете на десетина опасни мафиози распоредени во министерствата во Владата и во парламентот. Претседателот Пендаровски пак беше замислен и избран (читај: поставен, инсталиран) само како „претседателска карикатура„ на „државата како карикатура“, кој со својот потпис ќе ги аминува нивните мафијашки злодела.

Одовде веќе може да се следи разделницата на „стремежите„ и „мотивите“ на Заев и на Ахмети, како мафијашки босови, точките каде што тие се допираат и се преклопуваат и каде што одат во различни насоки, со истата конечна цел уништување на автентичната асномска Република Македонија и зацврстување на својот мафијашки простор на дејствување, но, во исто време, и илузиите на нивните партиски и поданички „војски“, едните егзалтирани и занесени од илузорните квази-космополитски и исцело фашизирани идеологии, а другите хранети и носени од нескриена шовинистичка омраза, а главно и едните и другите сосема несвесни дека опасно им припаѓаат, оти бедно им служат, и се дел од мафијашките ЗЗ и АА структури.

Допирната точка на двајцата мафијашки босови се нивните идентични „стремежи“ кон евро-атлантските интеграции, но „мотивите“ што во тоа ги раководат им се сосема различни.

Тешката психопатолошка изместеност и нескриениот нарцизам, аналфабетизмот, најприземниот уличарски примитивизам, кримогениот карактер и апсолутно плиткото „разбирање“ и токму таквото негово (само) вербално „практикување“ на „социјалдемократијата“ и на „космополитизмот“ беа карактеристиките на Зоран Заев поради кои од странските фактори е доведен и грубо инсталиран на власт, и индуциран до крај да ги реализира нивните планови за целосна деструкција на Република Македонија, а сето тоа под мантрата за евро-атлантските интеграции кои се издигнати речиси до некаков фанатичен западњачки верски симбол и дури до своевиден апстрактен фетиш.

“Стремежите“ на Заев за остварување на евро-интегративните цели се водени од неговите „мотиви“ за патолошко самодокажување на беден човек-опинок, и шокантно создавање „кариера на голем, модерен домашен и светски политички космополитски лидер“, (но особено во „регионот“!), „нобеловец“, сопственик и претседател на хуманитарна фондација, но истовремено воден и од мотиви за енормно богатење со сите средства, па и со поткупи, изнудувања и криминал, под закрила на сопствената власт и на нејзините контролирани правни лостови.

Раководен од тие цели, тој околу себе го присобра најдолниот аморален шлајм од редовите на СДСМ и надвор од него и создаде моќна врвушка што ѝ се наметна на партијата и сосема ја потчини и ја претвори во сопствена квази-политичка фирма, а користејќи го упорно и без прекин истиот банален лажно-космополитски и оперетски патетичен евро-интегративен речитатив, успеваше да го мотивира и да го контролира своето „партиско“ и гласачко тело.

„Стремежите“ на Ахмети за остварување на евро-интегративните цели се поклопуваат со истите „стремежи“ на Заев, меѓутоа неговите „мотиви“ се и многу попрагматични: да, целосна и неповратна деструкција на Република Македонија и креирање на внатрешни и меѓународни услови за создавање на Голема Албанија, но, за разлика од Заев, кој е само беден квислиншки пион и велепредавнички извршител на туѓинските предаторски цели, на Ахмети тоа му е политичка програма, којашто, впрочем, е сосема во дослух и со странските нарачатели и замешателски фактори во Република Македонија. Со таа цел, и со поддршка од истите тие фактори, тој терористичката УЧК успеа да ја наметне и да ја регистрира како легална политичка партија, а пак во новосоздадените услови по државниот удар од 27 април 2017 година и создавањето коалиција со својот мафијашки партнер од другиот политички и национален табор, Зоран Заев, да ја трансформира во атипична мафијашка организација, со неколку клучни „консилиери“ околу себе и покрај себе, инсталирани на најклучните министерски места во државата и на чело на Собранието, и истовремено со силна партиска и гласачка база во долниот дел на пирамидата. Цврстото мафијашко структурирање на државата од страната на Заев, се разбира, доби не само соодветен, туку и многу појак антипод во мафијашкиот одговор од другата страна, од ДУИ, кој сосема го потчини јавниот сектор и го наполни со свои вработени „војници“ до последнато слободно работно место, а за тие потреби создаде и низа други измислени места. Мечтата по граѓанските почести и уважувања на некаков си божемен „почесен доктор на науките“ за Ахмети е само примитивна колатерална придобивка, која очигледно многу му значи, па затоа е и инсцениран тој ступиден академски циркус со него, но луѓето што го опкружуваат во ДУИ, како Артан Груби, Бујар Османи, и воениот конвертит Талат Џафери, многу повеќе од него држат до тој и таков граѓански статус, иако не се во состојба, зад маркираните алишта, скапите чевли, „уметничките бради“ и царските канцеларии низ кои се башкарат да го сокријат својот најдолен примитивизам и својата мафијашка препотенција на политички скородојденци и новопечени моќници.

Во својата политичка база, во својата мафијашка организација СДСМ, Заев има многу помалку слични проблеми, зашто неговите поданици и натаму упорно го цицаат социјалдемократскиот, космополитски и западњачки идеолошки палец што им го поддаде Заев да се забавуваат и да им даваат отпор на „националистичките“ и „антизападни“ настојувања на опозицијата. Во ДУИ приказната, очигледно, е малку поинаква: се има впечаток дека главните антидржавни и антимакедонски цели успешно се одвиваат, но оти ни оддалеку не се искористени сите можности за безобѕирен грабеж на разни нивоа. Во пошироката слика на албанскиот опозициски блок, на кој ДУИ му е главното огледало, своевидно мерило за оваа политичка и граѓанска незаситност и потреба од натамошен безочен грабеж на државните ресурси е и своевременото уривање на тогаш потенцијалното ново парламентарно мнозинство (случајот на Реџепи) и итното влегување во владата на Заев од страна на Алтернатива, како, впрочем, и сегашните перманентни вртења и преџвакувања на темата за влегување на Алианса на Албанците во актуелната „влада“ на заевскиот кло(в)н Ковачевски, што секако, по најсвежите големоалбански „платформистички“ инструкции неодамна добиени во Тирана, наскоро секако и ќе се случи.

Очекувањата

Очекувањата на двајцата мафијашки босови, Заев и Ахмети, и на нивните мафии СДСМ и ДУИ, се дека оваа состојба, која реално претставува апсолутна парализа и целосен државен и национален безизлез, и натаму ќе потрае, и оти лека-полека, чекор по чекор, ќе ги доведе до нивните посакувани и сонувани цели:

првите, дека со своите мизерни, подлизурковски, квислиншки и велепредавнички политики и најбезочни лаги на ступидни нарцисоидни кариеристи и злоупотребувачи на официјалната државна законодавна, извршна, судска и репресивна полициска моќ, на Македонија најпосле ќе ѝ го отворат Вишното ЕУ-Небо, а тие пред народот и пред светот ќе се докажат и ќе блеснат како неповторлива цивилизациска авангарда во задушливиот балкански политички котел, никако не занемарувајќи ги притоа слатките тендери и хедонистичкото уживање врз сметка на државните општонародни добра;

вторите, пак, силно поддржувани од надворешните црни непријатели на Македонија и на македонскиот народ, а, меѓу другото, и благодарение на аналфабетските политички идиоти од другата, партнерска мафија на Зоран Заев, длабоко се уверени дека, успешно до крај ќе ја реализираат својата фашистичка големоалбанска Платформа за целосна декомпозиција и деконструкција на Република Македонија, притоа перманентно, на сите рамништа и на секој можен начин, ограбувајќи ја безочно токму со таа и таква примарна цел, вклучително и за политичка и секаква друга промоција на Косово и лобирање за него низ светот со средствата од македонскиот државен буџет, што значи од џебот на македонските граѓани, но, се разбира, и со цел за типично мафијашко богатење и создавање уште поцврсти, несоборливи кули на сопствената мафијашка, но и граѓанска моќ, и создавање на некаква си божемна „надчовечка“ албанска интелектуална елита.

Какви се можните очекувања на македонските граѓани за излез од оваа бесконечна национална агонија?

Оние што, и покрај сиот општествен ужас, креиран од велепредавникот и осведочен криминалец Зоран Заев и од неговата квази-партија СДСМ, сосема избербатена, згазена и потчинета од него, и трансформирана во атипична мафијашка организација, докрај инструментализирана и впрегната да им служи на неговите лични криминални и бизнис-интереси, како и на туѓунските освојувачки цели во Македонија, сè уште веруваат во него, тие, се разбира, исполнети со празна надеж, си ја очекуваат својата светла ЕУ-иднина која никогаш нема да стаса во Република Македонија, та дури ниту во заевската вештачка пачавра-државичка северџанија, со мала буква.

Оние пак што дозволија да ги заведе, и лесно прифатија смртно и антицивилизациски да ги затруе најцрниот големоалбански сецесионистички, антимакедонски национал-шовинизам, и да му слугуваат на мафијашкиот бос Али Ахмети и на неговата атипична национал-крим-политичка мафија ДУИ, ќе мораат да го платат цехот на своите длабоки разочарувања што ќе уследат на крајот од оваа трагична заевско-големоалбанска антидржавна и криминална епизода, бидејќи Република Македонија, спротивно на нивните очекувања и надежи, нема да се распадне, зашто нејзиниот највитален конституент, македонскиот народ, и другите народности што живеат во неа, отсекогаш посветени кон вечната хуманистичка идеја на соживот под нашето заедничко македонско небо, едноставно, нема да го дозволат тоа.

Но, од каде кај мене ваков непоколеблив оптимизам? Зашто, знаеме дека единствено организираната држава има институции и правни алатки да се справува со мафијата и со нејзините злострорства. А кога мафијата, т.е. мафиите, каков што е случајот денес во Македонија, исцело ја поседуваат и управуваат со државата и со нејзините највитални институции, се чинат сосема нереални очекувањата мафијата самата себе си да си се прогонува и да се уништува.

Тоа е затоа што јас верувам во народната мудрост која вели: „Никому свеќата не му догорела до утрото“. Така ќе биде и со нив: ќе ги снема и пред да го сфатат тоа.

Зашто Македонија како Идеја е неизмерно поголема, немерливо постара и историски, и кон минатото и кон иднината, несогледливо потрајна од ступидното заевско-големоалбанско и евро-атлантско лудило, и има иманентен милениумски цивилизациски капитал и изворна хуманистичка сила и моќ да се справи со овој дивјачки, насила импортиран и внатре во нејзините пазуви бескрупулозно разгорен голобалистички и евро-атлантски сатанизам и Зло.

Не си ја даваме Македонија!