Втора Нобелова награда за етноцид на Заев

“Непочитувањето е темел на слободата” (Марк Твен)

“Непочитувањето на велепредавнички ѓубриња и диктатори е темел на слободата” (Алдо Климан)

Од изворите блиски до славниот нобеловец дон Заев дознаваме дека овој неверојатен меѓународен лигуш и серотворен политичар од највисок светски ранг не му била доволна само една Нобелова нагрда за безочен етноцид на сопствениот народ што, по потпишувањето на грко-фашистичкиот Преспански договор, со злосторнички фанфари хистерично ја трубеа глутницата меѓународни окупаторски гнасови, заедно со неговите домашни квислиншки и големоалбански мрзители и ништители на Република Македонија, на нашето македонско име и на сѐ што е македонско. Но што е една Нобелова нагрда, изјавил Заев, ако не се барем две-три?!

Затоа, еве, тој подмолно, итро, тивко, тихо како грозоморен длабински политички прдеж, стиснат во брчките на сфинктерот, но чија смртоносна реа надалеку се чувствува, со своите мизерни велепредавнички, фалсификаторски слуги во тнр. историска комисија, тоа арамиско гнездо на апсолутни и семожни господари на македонската историја, свечено се подготвува за уште еден голем антицивилизациски успех, за уште една Нобелова нагрда, овојпат за гранфиналето на здодевната и безидејна, до бесмисла излитена санстефанска оперетка, во изведба на бугарското гробнососедско фашистичко трио – Борисов, Каракачанов и Захариева, во придружба на ступидните бугарски европарламентарни кастрати, Ковачев и Џамбаски, и секако со блескотен настап на самиот дон Заев во главната велепредавничка улога.

Од протоколот на нобеловецот дознаваме и како ќе се одвива свеченоста на потпишувањето на Анусот на Гробнососедскиот заевско-татарски договор:

Веднаш се истакнува дека до коска расипаниот модератор и инспициент на тој најнов бал на вампирите, Бујар Османи, на сцената ќе се појави само кратко, пред крајот од последниот чин на разврската, со едно големо албанско пенкало во рацете, а во таа завршна слика, со исто такво големо бугарско пенкало, нежно држејќи го во својата десна рака, ќе се појави и белообразната Татарка Захариева, заедно, космополитски, и онака како што им прилега на најблиски албанско-татарски соседи, да го потпишат Анусот на тапијата со која свечено се означува погребот на Македонците, на македонската културна и политичка историја, на нашиот македонски јазик и на нашата македонска држава. Е, во тој момент, во таа трагична разврска на апсурдната столетна мелопеја, сиот опиен од невидена космополитска среќа и бесмертнаја слава на еден вистински балкански неетнички гуру, потскокнувајќи угол-гол, на сцената ќе истрча дон Заев, инаку општопознат голем љубител на фалусоидни предмети и столтенберговски пенкала, темпераментно ќе ги зграпчи за раце Османи и Захариева, и ќе почне страстно да ги бакнува ту големото бугарско ту големото албанско пенкало и, танцувајќи над сеуште топлиот македонски гроб, со присутните ќе си прави хистерични патолошки селфиња, за триумфално да им ги дели на своите големи евро-атлански пријатели, лицем светци срцем в’лци.

Завесата потоа се спушта. И крај! Нема повеќе. Само во темното фоаје на театарот на мртвата држава главните актери на овој злостор ќе одржат краток, последен, емфатичен, илузионистички, сосема излишен посмртен говор за медиумите. Македонската публика, пак, евро-атлантски совршено хлороформирана и потоната во длабок анационален сон, воопшто нема ни да сети дека, во таа зашеметеност и омаеност во театралниот етноциден евро-атлантски амбиент, врз неа е извршена стравотна ултимативна културно-политичка и етничка лоботомија. Навистина, набргу ќе почувствуваат дека по таа костимирана циркуска претстава на овие безобѕирни балкански психопати веќе ништо и никогаш нема да биде исто, но евро-хлороформот уште некое време силно ќе им дејствува. Најпосле, сосема ќе се разбудат, ќе се расонат… во некоја друга стварност.

Од друга страна, од опозиционите политички кругови се најавува дека за време на таа многу скорешна евро-театрална изведба на потпишување на гореспомнатиот големоалбанско-големотатарски Анус, здружената парламентарна опозиција и неколкуте нивни упорни поддржувачи за инает ќе организираат радикални, масовни предупредувачки протести со точеци, тротинети, скејтови и ролшуи против зголемувањето на цените на јавните тоалети, против климатските промени, против сушите, дождовите и топењето на мразот на Арктикот, против тоа што параграфот 4 во некој закон е напишан со ситни а не со крупни букви, и што ти сѐ не, решени со еден таков енергичен, упорен и аргументиран атак врз власта, од царскиот трон да го урнат нобеловецот дон Зоран Заев. „Е, ево ти га на!” Заев ќе си ја лапне и втората Нобелова нагрда, па нека пукнат душманите!

А опозицијата потоа ќе си ужива во спокојното утешно полноќно гледање на своите виртуелни фото-галерии од масовните тукуречи протести, снимени од дрон… Но, како што би рекла некоја добра средношколска наставничка по македонски јазик, проблемот е во тоа што темата им е сосема промашена, а за тоа се добива само една голема, стабилна единица.

Алдо Климан, ноември, 2020

(Авторот е македонски и хрватски поет и писател)