Страшо АНГЕЛОВСКИ
Откако лажните либерали (американските марксисти), со лаги, измами, корумпирани политичари, контролирани медиуми, и, се’ што можете да замислите во нивната марксистичка “демократија“, ја онепристоија и заробија сопствената држава, САД, започна нивното безобразно непристојно и измамничко однесување кон остатокот од светот.
Во желбата да го укинат суверенитетот како поим, суверените држави како реалност и, личниот интегритет како врв на човековата цивилизација, за да можат непречено да владеат со нив, посегаат по сите дозволени и недозволени средства, во прв ред, лагата и измамата во вид на морков и стап, двојните стандарди, окупации прикажани како сојузи, корупција и криминал, обоени револуции , воени агресии онаму каде не може поинаку …
ЛАГИТЕ И ИЗМАМИТЕ ВО СВЕТСКАТА ПОЛИТИКА
Нивната политика на лаги и измами се интензивираше на почетокот на девеесеттите години од минатиот век.
Првата голема измама, која е прапричината за се’ ова што му се случува на светот денес, е непишаниот договор за распуштање на Варшавскиот пакт и “ослободување“ на источноевропските држави од советската “прегратка“ и, истовремено распуштање на НАТО воената алијанса како американска окупаторска варијанта на западноевропските држави, формирана, нели, само како одбрамбен одговор на “советската закана“.
Втората голема измама. Изманиците од САД не само што не го распуштија, туку, и покрај договорот за натамошно неширење, продолжија интензивно да го прошируваат НАТО кон границите на сега веќе, Руската Федерација.
Трета голема измама. Изманиците од САД, во името на НАТО, распоредија орудија со среден дострел во државите што граничат со Руската Федерација, заради одбрана од “исламскиот радикализам и тероризам“, а всушност насочени токму против Русија.
Со обоени(или шарени, сеедно) револуции, измамниците од САД урнаа легални и легитимни влади и инсталираа марионетски “демократски“ послушници во редица европски држави, лажејќи го светот дека токму тоа е вистинска демократија, како што е примерот со Македонија и Украина.
Откако го иницираа ликвидирањето на руското население во Украина за да создадат услови за руска интервенција, измамниците од САД ги “поздравија“ договорите од Минск за спречување на непријателство меѓу Москва и Киев, купувајќи време за да ја вооружат Украина за својата лична војна против Руската Федерација. Никогаш и не помислиле да ги почитуваат “Минските договори“.
Многу скоро по започнување на специјалната воена операција на Русија за денацификација и демилитаризација на Украина, кога руската армија се најде пред Киев, украинската страна е натерана од измамниците од САД да потпише лажен договор за прекин на огнот. Во текстот на Договорот се вели дека Велика Британија, САД и Франција, покрај Кина Русија и Турција, ќе бидат негови гаранти. Руските сили го почитуваат и се повлекуваат од околината на Киев. Американските измамници, заедно со своите “гаранти“, нормално, не почитувајќи ништо потпишано или договорено, го вооружуваат комедијантот Зеленски за борба против Русија до последен Украинец, која, за жал, се’ уште трае.
Во меѓувреме, со посредство на Турција и ОН се потпишува “договорот за храна“, со кој од Украина и Русија се дистрибуираат 31.7 милиони тони жито во светот, за да се спречи недостатокот на храна во најсиромашните земји, посебно оние во Африка. За жал, измамниците од САД отстапуваат само 976.000 тони жито на сиромашните, што е 3,1 процент од дистрибуираното жито, а остатокот од 97 проценти го присвојуваат за најбогатите, за себе и својата евроатлантска заедница.
Овде ќе сопрам, бидејќи и две книги се малку за да се евидентираат сите лаги и измами на измамниците од САД и нивните евроатлантски партнери, како курири на лагата, во светската политика.
ЛАГИТЕ И ИЗМАМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Бидејќи, како и пред договорот со Атина, зачестија посетите и лагите на белосветските штогоде претставници на “меѓународната заедница“, сите инсталирани од САД, како, словенечката претседателка, американските Рубини, Ескобари, некогашниот претседател на норвешката работничка партија, сегашен НАТО милитант, Јенс Столтенберг и слични измамници; бидејќи почнаа да усвојуваат лажни документи по урнекот на германскиот Бундестаг, кој во периодот од 21.05 до 21.35 часот, за нецели 30 минути “ја призна македонската култура, идентитет и јазик“, што ќе рече, милениумски вредности на еден цел народ во триесетминутна расправа на корумпирани германски марксисти, распоредени како социјалдемократи, зелени и либерали, мораме да се потсетиме на дел од нивните досегашни лаги и измами:
На 27. 10. 2004 година, тој ист германски Бундестаг во истиот состав на социјалдемократите и зелените, донесе одлука со која “ја повикува сојузната влада да се ангажира за прифаќање на уставното име на Македонија во рамките на Европската Унија“. ЛАГА.
На 03. 08. 2001 година, тогашниот некаков висок претставник на ЕУ (екстремен левичар), Хавиер Солана, после војната со терористите поддржана од НАТО : “Ако не го потпишете рамковниот договор таков каков што е, никогаш нема да имате заедничко општество за сите, со децении ќе чекате за влез во ЕУ“. ЛАГА.
На 12. 12. 2003, американскиот измамник Едвард Џозеф, воочи Референдумот за новата територијална организација : “Ако не го усвоите законот за локална самоуправа и не се овозможат пошироки права за Албанците, може да се случи да останете заглавени во чекалната на ЕУ со години и децении“. ЛАГА.
На 14. 09. 2018 година, Јоханес Хан, курир на лагите на “меѓународната заедница“, воочи Референдумот за промена на името : “Доколку не го промени името сега, Македонија ќе чека влез во ЕУ со децении“. ЛАГА.
На лагите на “меѓународните“ измамници, за жал, им нема крај и, најсрамно во сето тоа е што мислат дека некој се’ уште им верува, дека овде живее народ со умствен “дефект“ со кого тие, елитните “проститутки“ зинати за америкаски долари, може да продолжат да си поигруваат.
Жално и срамно е што од позиција на сила, лагите ги сервираат како вистина, жално и срамно е што во медиумите и во политиката, овде во државава, имаат свои платеници чиј највисок идеал е да бидат елитни “проститутки“, токму како нив…
Затоа, македонскиот народ има обврска, како многупати до сега низ историјата, да застане на вистинската страна, на страната на вистината и правдата. Да се вложи себе си во светската битка против “либералните“ измамници и насилници Зашто, дури после нивниот пораз, ќе можеме целосно да ги поразиме и нивните слуги во Македонија. Да ги поразиме елитните “проститутки“ и да си го повратиме она што е наше – името на државата, идентитетот на народот, достоинството на нацијата.
Да ги препознаеме лагите, да ги поразиме измамниците и да ги сочуваме вистинските вредности, како гарант на сопственото постоење. Бидејќи, ова не е една од можностите, туку ова е единствениот пат за македонскиот народ. Пат кој мораме да го изодиме.
(авторот е претседател на МААК)