Страшо АНГЕЛОВСКИ
Деновиве, сосема случајно, “шетајќи“ по социјалните мрежи, наидов на наслов кој го освои целото мое внимание – “Владата ги повика на консултации невладините организации за извештајот за состојбата на НВО во 2024 година“. И, доколку некогаш сте го имале она чувство на целосна стаписаност и изненаденост, ете така јас се почувствував во моментот. Па, реков, ајде да го прочитам текстот, можеби не го разбрав добро насловот. А, во него:
“Владата упати јавен повик до невладините организации да земат активно учество во изготвување на Извештајот за условите во кои работеа невладините организации во 2024 година.
Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата од 2005 година, кое СЕ ГРИЖИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ВО КОИ РАБОТИ НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР…“
Па, претпоставувам дека многумина ќе речат – браво, владата се грижи за сите категории во државава. Но, верувам дека веднаш потоа ќе им се наметнат парашањата што ми се наметнуваат и мене.
И УРИВАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НА КАФЕ И ЛОКУМ ?
Имено, сами по себе се наметнуваат прашањата дали меѓу оние кои се поканети на кафе и локум во владата се и оние невладини организации кои добиваа милиони и милиони долари од надвор (што е тешко кривично дело) за организирање на “шарената револуција“ и уништување на државата? Дали меѓу нив ќе бидат и оние чии активисти ги сквернавеа македонските институции, македонските паметници и спомен куќите на македонските херои, како онаа на Христо Узунов во Охрид ? Дали ќе бидат оние чии активисти го осквернавија споменикот на македонските бранители и на децата бегалци ? Дали ќе бидат оние чии активисти ја запалија канцеларијата на институцијата Претседател на Македонија ? Дали ќе бидат оние чии активисти ги повредуваа македонските полицајци фрлајќи со камења и бекатон плочки по нив ? Дали, конечно, ќе бидат оние кои им посакуваа смрт на македонските полицајци со пораките “да ви се деси диво насеље“?
Па, дали во втората група ќе бидат оние невладини организации кои се инфилтрираа во образовниот процес и кои, уништувајќи ја образовната програма внесувајќи трансџендер, ЛГБТ, Воук, родовоеднакви и којзнае уште какви антицивилизациски неморални вредности, директно се обидоа да ги уништат македонските деца ? Да ни ги уништат децата и внуците.
Секако, најтешко ќе ми биде доколку владиното кафе и локум не го проба она кутро суштество, кое не знам во која од двете групи да го сместам, бидејќи не знам дали воопшто припаѓа на човековиот род, кое шеташе низ Скопје со плакат на кој пишуваше “црквата да од..бе“.
И денес, на денот на Христовото крштевање, на чинот на честитањето Водици, барем според објавени фотографии на социјалните мрежи, Венко Филипче го истопорил тоа кутро суштество до себе. Доколку е вистина, тоа е невидена провокација и навреда за македонските верници и македонскиот православен народ.
Безобразно и понижувачки за сите Македонци.
Затоа, само од себе се наметнува прашањето дали местото на овие злосторнички здруженија е во владата на кафе и локум, или во некоја од институциите на корка леб и вода? Посебно, ако знаеме дека новоизбраниот Претседател на САД кој токму денес ја презема својата функција, веќе го забрани нивното финансирање, а најави и забрана за нивните активности.
ВО МЕЃУВРЕМЕ, ВО СВЕТОТ НА ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ
Во меѓувреме, вреди да се истакнат неколку работи кои се случија во светот на двојните стандарди – “меѓународната заедница“.
– Џо Бајден, човекот кого додека ова го пишувам го одселуваат од Белата куќа, во едно од своите последни обраќања, гордо изјави дека еден од поголемите успеси во неговото владеење е повлекувањето од Авганистан. Значи, она што целиот свет го виде како панично бегство на последните Американци од аеродромот во Кабул, со стравични сцени во кои луѓе качени на крилата на авионите, во паничен обид да се спасат, паѓаа во бездна и гинеа, за Бајден да ти било еден од успесите со кои се гордее.
Најверојатно, втор успех за гордост е амнестијата на сопствениот син за се’ сторено и несторено, што, за жал, не го потенцираше.
– Додека нормалниот свет со нетрпение ја очекува најавената средба на Трамп и Путин со искрена желба за мир во Украина, генералниот секретар на НАТО повикува на натамошна милитаризација на Европа, на натамошна ескалација на војната во Украина и, на натамошно ширење на воените судири, се’ до избувнување на Трета светска војна, како што вели човекот на кого луѓето со двојни стандарди не му ја дозволија извојуваната победа на претседателските избори во Романија, Калин Георгеску.
– Либералниот злосторник, кловнот Зеленски, денес, откако ја уништи сопствената држава, со сите сили работи на уништувањето на суверените европски држави. Имено, откако еднострано забрани проток на гас од животна важност за централноевропските држави низ Украина, започна со организирање билатерални средби со тамошната опозиција (во случајов, словачката), заради организирање “обоени револуции“ и уривање на суверените влади во државите, како онаа на Роберт Фицо во Словачка. Влади и држави на кои Трамп се потпира на својот пристап кон Европа.
Со тоа, отворено се пројави како еден од најголемите непријатели на политиката на Трамп, што претставува причина повеќе војната во Украина итно да заврши, а режимот на овој кловн да биде целосно уништен.
– Европската унија најави забрана на ветото на Словачка и Унгарија за антируските санкции кои се во најава. За да биде јасно, ќе повторам – ЗАБРАНА НА ВЕТОТО. Она исто вето, за кое Марта Кос, комесарот на ЕУ неизбран од никого, ќе изјави дека официјална Софија може да го постави стотина пати, доколку не го отвориме Уставот по бугарско-француски диктат. Двојните стандарди пуштени на најјако, како многугодишно секојдневие на најкорумпираното дувло во светот, европската наддржава, ЕУ.
Дедо ми велеше – синко, будалите немаат рогови за да ги познаеш.
На крај, да се запрашаме, живее ли човештвото се’ уште на планетата земја и во тукушто започнатата 2025 година, или во животинската фарма и во 1984-та, од орвеловите прикаски.
(авторот е претседател на МААК)