Страшо АНГЕЛОВСКИ

Конечно, добри вести за нормалното мнозинство во светот – САД и Руската Федерација, односно Трамп и Путин, се подготвени да седнат на заедничка маса и да почнат дијалог, да почнат да разговараат, да се обидат да го заменат оружјето со зборот.

Имено, луѓето блиски до Трамп, оние кои ќе бидат дел од новата администрација, најавија дека веќе ја подготвуваат средбата на Трамп со Путин, на која единствена тема ќе биде сопирање на специјалната воена операција во Украина.

Пред да почнеме со анализа, ќе потсетам на трите приоритети кои Трамп ги наведе неколку дена после неговиот избор – спас и зачувување на суверените држави и народи; спас и зачувување на младите и семејството; спас и зачувување на верата.

КАПИТУЛАЦИЈА НА УКРАИНА

За жал, единствено можно решение на украинската криза е целосна капитулација на инсталираниот режим на либералниот злосторник Зеленски. Зошто го велам ова? Едноставно затоа што Путин во разговорите нема да прифати ништо помалку од тоа, а, иако изгледа парадоксално, тоа ќе биде победа и за Трамп.

Имено, во минатите осум години, најголемите внатрешни непријатели на Трамп, кои тој и целиот нормален свет ги чувствуваа како најголема закана за човештвото, беа токму либералните “елити“ околу оската Клинтон-Обама-Бајден. Трамп, на есенските избори успеа катастрофално да ги порази и, да ги обезглави за извесен период. Но, тој е длабоко свесен дека нивните инсталации ширум европските држави и во најкорумпираното дувло во светот, ЕУ, ќе работат трескавично против него и дека мора и нив да ги порази во најкус можен рок. Прв на списокот ќе биде токму корумпираниот режим на Зеленски, чие постоење претставува врел компир во рацете на Трамп.

Иако, како што реков, делува парадоксално, капитулацијата на инсталираниот профашистички режим во Украина ќе биде победа за Трамп и, истовремено, единствена гаранција за опстанок на делот на Украина без четирите региони кои референдумски станаа уставни составни делови на Руската Федерација, како суверена држава без натамошно распарчување.

После капитулацијата, украинскиот инсталиран режим, на слободни избори, ќе биде заменет со онаа власт која народот ќе ја изгласа и, Украина, ќе живее по урнекот на Германија и Јапонија после втората светска војна се’ до денес – како суверена држава со руски воени бази на нејзината територија како гарант за нејзината целовитост, наспроти некои најави од нејзините соседи за нејзино распарчување.

Потоа следува големата чистка на инсталираните либерални влади, која веќе започна на неколку дена после победата на Трамп. Веќе паднаа инсталираните влади во Франција, Германија, Канада, Австрија, а, ќе паѓаат и многу други, како во Британија, на пример, односно секаде онаму каде ќе се впери прстот на Илон Маск. Човекот извонредно прецизно ги лоцира либералните злосторнички инсталации и им кажува дека им дојде крајот.

На крајот, ќе дојде на ред и најкорумпираното либерално дувло во светот, неизбрано од никого, а воспоставено како европска наддржава заради уништување на европските суверени држави – ЕУ. Расчистувањето со ваквата ЕУ и создавањето сојуз на суверени европски држави, ќе биде последниот чекор на Трамп во остварување на својата прва цел – спас и заштита за суверените држави и народи.

СПАС И ЗАШТИТА НА СЕМЕЈСТВОТО

Вториот процес, кој веќе е најавен, ќе се одвива паралелно со овој. Имено, Трамп и неговата администрација веќе најавија бесоштедна битка против најголемото зло на денешницата, продолжена рака на инсталираните либерални влади – илјадниците невладини организации. Како што долго време зборува Орбан, а сега веќе отворено проговори и италијанската премиерка Џорџа Мелони, нешто што целото нормално човештво го знае, невладините организации се алатки за уривање на легални влади, уништување на држави, прескапо платени со пари надвор од државата, што е, секако, тешко кривично дело.

Па, откако ќе биде забрането нивното делување, сите суверени држави ќе бидат обврзани да започнат судки процеси и илјадници странски платеници да одговараат за злосторствата што ги извршиле.

Бидејќи токму тие се најзлосторничкото здружение кое со своите воук, трансџендер, ЛГБТ, родовоеднакви и уште којзнае какви неморални активности, директно работат на уништување на младите и семејствата, нивниот неминовен пораз ќе значи остварување и на втората цел на Трамп – спас и заштита на децата и семејството.

СПАС И ЗАШТИТА НА ВЕРАТА

И доколку со внимателен прочит може јасно да се забележи дека во првите два процеси целите и непријателите на Трамп и Путин целосно се совпаѓаат, во третиот процес за спас на верата, ќе имаат двајца различни непријатели, раководени од еден ист центар – оската Клинтон, Обама, Бајден.

Па така, Трамп ќе мора да се справи со длабоката црква во САД, раководена токму од либералната збирштина која на куп ја порази на есенските избори.

Во источното христијанство, Православието, за да се спаси верата и духовноста, ќе мора православните цркви и верници да се справат со грчкиот поп Вартоломеј, кој се претставува како Васеленски патријарх.

За да биде јасно зошто го велам ова, ќе се обидам најкусо можно да објаснам што се случува.

Западното христијанство, односно Римокатолицизмот е човекоцентрична вера уште од времето на Шизмата. Таму, не Господ, туку Папата е врховната моќ, а неговите енциклики се писанија кои мора да ги почитува секој верник, макар да се и во спротивност со божјото учење. Токму заради човекоцентричноста денес западното христијанство е поделено на протестантизам, калвинизам, англиканизам (каде британскиот монарх е врховната моќ во англиканската црква) и, уште десетици цркви во САД и, стотици или илјадници секти.

Либералните уништувачи на верата, за да го уништат источното христијанство, се обидуваат преку платеникот на ЦИА, грчкиот поп Вартоломеј, да ја исфрлат богоцентричноста преку која живее православието и да воведат човекоцентричност. Тоа би бил прв чекор за делби и уништување на Православието.

Ние сме сведоци дека грчкиот поп Вартоломеј веќе си дозволи да се издигне над Бога и, со декрет да формира Православна црква на Украина наспроти веќе постоечката Украинска православна црква. Тој се обиде со невидени притисоци да ја преименува МПЦ ОА во Православна црква на Северна Македонија. Денес, работи на формирање на Хрватска православна црква иако во Хрватска има незначителен број православни Хрвати. Целта е православните срби во Хрватска да се одвојот од матичната СПЦ.

Тоа е подмолниот план на либералните злосторници за уништување на Православието, кој мора да биде спречен по секоја цена, а грчката црква на агентот на ЦИА, Вартоломеј, да биде затворена.

Тогаш ќе биде остварена и третата цел – спас и заштита на верата.

Потоа ќе следуваат разговори кои ќе доведат до организација на новата Јалта со учество на САД, Руската Федерација и Кина.

На крај, по којзнае кој пат ќе напишам – онака како што македонскиот народ во 1941-та се определи на вистинската страна, на страната на антифашистичката коалиција, денес, македонскиот народ и македонската држава мораат најитно да се определат за антилибералната коалиција која е во формирање. Додека не биде доцна.

(авторот е претседател на МААК)